10.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Таравари за Топ Чанел: Албанците во С.Македонија продолжуваат да бидат дискриминирани

“Околу 30 отсто од жителите на Северна Македонија припаѓаат на албанска националност, но и покрај постојните договори за соживот со Македонците, тие продолжуваат да бидат дискриминирани”, изјавил лидерот на Алијанса за Албанците (АзА), Арбен Таравари, во интервју за албанската телевизија Топ Чанел, пренесува Инбокс7.

Таравари, кој ја предводи и општина Гостивар, ги покажува разликите во Скопје на населбите, зависно која етничка заедница е мнозинство.

“Одете во скопските населби, населени со Македонци, и ќе видите дека тие можеби меѓу најдобрите во регионот. Ако отидете во областите каде што живеат Албанци, на пример во Чаир, Бутел и Сарај, ќе видите дека сте во друг свет”, рекол Таравари.

И покрај фактот што речиси половина од владиниот кабинет во Северна Македонија го сочинуваат министри Албанци, каде е дел и АзА, сепак Таравари вели дека дискриминацијата е очигледна.

“Но, повторно, за Македонците е нонсенс Албанците да водат одредени позиции, на пр. Во специјалната полициска единица не може Албанци да бидат припадници на тие единици, министерот за внатрешни работи на Македонија е нонсенс да биде Албанец, премиерот е нонсенс да биде Албанец, за шефот на државата не се ни разговара”, вели Таравари.

Но, тој вели дека има за цел да постигне некакви промени во корист на Албанците со уставните измени што ќе се направат.

“Алијансата за Албанците упорно ќе инсистира албанскиот јазик да се дефинира правилно, не процентуално, туку да биде официјален, да биде албанскиот и македонскиот јазик, а не македонскиот јазик и јазикот што го зборуваат над 20%.”, вели Таравари.

 

Но, за да се дојде до промените треба да се работи, додава првиот човек на АзА, и стратегија и поддршка од државата Косово и од Албанија.

“Албанија и Косово имаат обврска заедно со Академијата на науките и уметностите во Албанија и Косово да направат стратегија што никогаш не ја направиле. Краткорочна, среднорочна и долгорочна стратегија за синхронизирање на акциите на Албанците во регионот каде што живеат”, вели Таравари.

За да се реализираат правата на албанската заедница во Северна Македонија и да се постигне подостоинствен третман, Таравари вели дека се потребни промени и кај албанските партии кои се стремат кон нив веќе 20 години.

Related posts

Екстрадиција во сенка на скандал? Груевски отвора нов фронт

admin

СДСМ најавува кривична пријава против ВМРО-ДПМНЕ поради морбидна интернет-кампања

admin

ЕУ со остри оценки за Македонија: „Ужасни“ затвори, ризици за медиумите и закони што не се спроведуваат

admin

МЕЃУНАРОДНИОТ КРИВИЧЕН СУД ИЗДАДЕ НАЛОГ ЗА АПСЕЊЕ НА ПУТИН

ninja

Цените на нафтата растат поради тензиите со Иран и затворениот Ормуски теснец

admin

Четири лица загинаа во судир меѓу воз и училишен минибус во Белгија

admin