33.8 C
Скопје
16 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Благ пораст на бројот на вработените во индустријата

Индексот на бројот на работниците во индустријата во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, изнесува 100.5, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, бележи опаѓање од 2.8 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 1.0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 4.5 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 12.5 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 5.8 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.6 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.1 %.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јуни 2023 година, во однос на периодот јануари – јуни 2022 година, изнесува 100.9.

индексот на индустриското производство во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, изнесува 103.7.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, бележи опаѓање од 1.6%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 1.4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 39.9%.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, бележи пораст кај Енергија за 17.7% и Капитални производи за 15.6%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.4%, Трајни производи за широка потрошувачка за 7.2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.0%.

Related posts

Коалициски тензии во ВЛЕН: Касами и Меџити со остри критики кон Таравари

admin

Колку е пропорционален македонскиот изборен модел?

admin

Флорида ги брои трошоците за ураганот Милтон во услови на политичка бура

admin

„ЃАВОЛОТ Е ВО ДЕТАЛИТЕ“ – ШТО СОДРЖИ НОВИОТ ДОГОВОР МЕЃУ СРБИЈА И КОСОВО?

ninja

Мицковски се сретна со Гир

admin

СРС го прогласува шампионот за регионална соработка за 2023

admin