16.8 C
Скопје
23 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Во екот на туристичката сезона, проблемот конечно решен- Здравствена заштита во Дојран ќе добиваат и туристите

Додека на социјалните мрежи се водеше полемика и реакции, што се случи со амбулантното возило коешто пред две години како донација го доби Општина Дојран, општината туристичката сезона ја започна без обезбедена примарна здравствена заштита и за мештаните и за туристите. Од тука велат причината била немањето соработка со претходното раководството на гевгелиската болница.

Три дена пред август проблемот е решен. Од саботата функционира и амбулантата во Стар Дојран. Обезбедени се медицински тимови во соработка со Општата болница во Гевгелија и Здравствените домови во Струмица и Валандово. Здравствениот тим ќе работи секој ден од 08 до 20 часот, потврдија и од Министерството за здравство.

Мештаните реагираа зошто амбулантното возило што општината го доби како донација пред две години му е подарено на Здравствениот дом во Валандово. Не е подарено, туку отстапено со одлука на Советот, образложија од општината. Договорот требало да се потпише деновиве.

Матичен лекар има само во Нов Дојран, амбуланта празна во Стар Дојран

Во Општината има само еден матичен лекар и тоа во Нов Дојран. Амбуланта има во Стар Дојран но со години е празна поради проблемот со немањето на медицински кадар. Во ек на туристичката сезона, примарна здравствена заштита во туристичко населено место, за туристите немаше.

Бројните реакции и на туристите и на мештаните, но и промената на раководството на општата болница во Гевгелија, којашто територијално е задолжена да обезбедува примарна здравствена заштита и за Општина Дојран, ги променија работите, вели првиот човек на Советот на Општина Дојран, Ратко Ајцев.

„Имаше проблем со обезбедувањето на примарна здравствена заштита и медицинснки тим, пред се поради тоа што немаше соработка со општата болница во Гевгелија, којашто е надлежна територијално да обезбедува медицински услуги на територија на општина Дојран. Од пред некое време Општина Болница Гевгелија има нов директор и во соработка со таа болница, Здравствените домови Струмица и Валандово, медицински тим  на територијата на Општина Дојран, како во летниот период така и во текот на целата година.“ образложи Ајцев.

Реакциите и на мештаните и на туристите се оправдани, вели Ајцев, но граѓаните мора да знаат дека примарната здравствена заштита не ја обезбедува локалната самоуправа, туку Министерството за здравство. Тоа што досега амбулантата во Стар Дојран стоела празна , се должело на немањето на соработка со претходното раководство на Болницата во Гевгелија.

Возилото донација за Итна медицинска помош, не е подарено туку отстапено на Здравствениот дом Вланадово

Општина Дојран пред две години доби донација амбулантно возило. Возилото требаше да биде постојано во Стар Дојран а во амбулантата требаше да се ангажира медицински персонал од Гевгелија и Струмица по систем на ротација, барем така каже тогаш актуелниот Министер Венко Филипче. Но две години подоцна, општината ја започна туристичката сезона без обезбедена медицинска екипа, а возилото наместо во Дојран со одлука на Советот се отстапи на Здравствениот дом во Валандово.

„Возилото е отстапено на користење на Здравствениот дом Валандово и ќе се користи исклучиво за потребите на Општина Дојран и пошироко во регионот поради тоа што станува збор за итна медицинска помош. Возилото е отстапено, не подарено и не е во нивна сопственост, со тоа што во договорот што ќе биде склучен во текот на наредните денови меѓу градоначалникот на Општина Дојран , Анго Ангов и директорот на Здравствениот дом Валандово ќе има предвидено одредба дека истиот може да се престане со едностран прекин од една од страните или со донесување на нова одлука на Советот.“ образложи Ајцев.

Со немање на прмарна здравствена заштита се соочуваат многу населени места во државата

„Тим на итна медицинска помош од ОБ со проширена дејност Гевгелија веќе е стациониран во населено место Стар Дојран, секој ден од 8 до 20 часот за полесна достапност до здравствени услуги на жителите од овој регион, како и големиот број туристи во летниот период.

Здравствената екипа функционира со комплетна опрема за укажување итна медицинска помош, како и со соодветно возило за ИМП,“информираат од Министерството за здравство.

Од тука додаваат дека во државата во моментот има окулу 393 рурални места (села), кои се дефинирани како такви со одлука за руралност на ФЗОМ.

Сите тие се групирани во рурални центри (кластер) од неколку најблиски села. Поголем дел од нив имаат избран лекар со договор со ФЗО со руралност, додека за помал дел во моментот нема заинтересиран кадар, а пациентите од тие места гравитираат кон најблискиот здравствен дом.

„На избраните лекари Фондот плаќа зголемена капитација заради обезбедување здравствена заштита на осигурените лица во руралните подрачја, согласно критериумите определени со Законот за здравствено осигурување и подзаконски акт на Фондот.Имено, во руралните подрачја со само еден лекар во примарната здравствена заштита, вкупниот износ на капитација се зголемува со стимулативни поени по основ на рурални подрачја  во зависност од бројот на осигурени лица за секоја старосна категорија.,“ образложија од МЗ.

В.Кр

Related posts

Ковачевски повика да се усвојат уставните измени

admin

ГЕРМАНСКО-ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ – НАЈДОБРА МОЖНА ПОНУДА?

ninja

Првиот претседател беше избран од Собранието

admin

Резолуцијата на САД ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

admin

Путин веќе се подготвува за следниот бунт

admin

ЗОШТО МНОЗИНСТВОТО Е ПРОТИВ ВНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ?

ninja