12.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Германски воен офицер уапсен поради шпионирање за Русија

Службеник во германската армија на своја рака предавал информации на руската разузнавачка служба, откри германското обвинителство. Осомничениот е уапсен и одреден му е притвор, пишува Дојче веле, пренесува Инбокс7.

Германското обвинителство соопшти дека е уапсен офицер на воената служба за набавки кој е осомничен за предавање тајни информации на руската разузнавачка служба. Германскиот државјанин кој е идентификуван како Томас Х., во повеќе наврати контактирал со рускиот конзулат во Бон и со руската амбасада во Берлин од мај годинава досега, на сопствена иницијатива и нудел соработка, соопшти обвинителството.

„Јавното обвинителство уапси германски офицер под сомнение за странска тајна служба. Будноста е тема на денот“, твитна германскиот министер за правда Марко Бушман на платформата Х.

Германија е еден од најголемите снабдувачи со воена опрема на Украина, и една од главните цели на руските шпионски операции, кои значително се засилија по инвазијата врз Украина.

Во една прилика, осомничениот пренел информација добиена на работното место со цел да биде пренесена до руската разузнавачка служба, тврди германското обвинителство.

Осомничениот бил уапсен во Кобленц, а претресени се и неговиот дом и работното место. Судијата му одреди притвор.

Околу 12.000 луѓе работат за агенцијата за набавки на германската армија, од кои околу 1.800 војници. Во 2021 година, агенцијата склучила договори за купување оружје и опрема за Бундесверот во вредност од 17,6 милијарди евра.

Во декември минатата година, германските власти уапсија вработен во тајната служба- БНД кој беше осомничен за шпионирање во Русија.

Related posts

ТВ21: Со двојки во средно – кандидат за ректор

admin

Академик Беџети предупредува на структурни слабости, неодржлив пензиски систем и ограничен економски раст

admin

„Цените до плафон, фрижидерите празни“: СДСМ со нов напад врз економските политики на Владата

admin

Таравари: ВЛЕН се претвори во неуспешен проект – барам прошка од граѓаните

admin

Америка отвора нова ера на Балканот: трговија наместо демократизација

admin

САД ги обновија разговорите со Саудиска Арабија за пренос на нуклеарна технологија

admin