15.8 C
Скопје
24 април, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Груби го искара Курти: Се мешаш во внатрешните политики на С.Македонија и Албанија

Првиот Вицепремиер на Северна Македонија, Артан Груби, изјави дека Косово се мешало во изборните процеси на Северна Македонија и Албанија, додека овие две земји никогаш не се мешале во внатрешните работи на Косово, пренесува Инбокс7.

Груби за „21 степени“ на косовската ТВ21 изјави дека премиерот Курти повеќе пати направил грешка со мешањето во изборите во Северна Македонија.

Тој рече дека Курти го испратил министерот за инфраструктура Либурн Али да му објасни некои работи на претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

„Тој беше дојден по барање на премиерот на Косово, да го објасни ова прашање и всушност се виде дека ценел дека е направена грешка, а посетата на премиерот на Косово е направена во контекст на формирањето на малите албански партии со еден пратеник, двајца пратеници и да ги поддржи. Вакви грешки не се прават само овој пат, туку се правени и во минатото. Од Северна Македонија никогаш немало никакво мешање во изборните процеси на Косово, па дури ни во меѓупартиската политика на Косово, ниту од Албанија, имало какво било мешање ниту во Македонија, ниту во Косово, но имало мешање од Косово во Северна Македонија, дури и во Албанија, што никогаш не се случило во историјата“, рече Груби.

Тој додаде дека се едуцирани од Али Ахмети да градат институционални односи со Косово и Албанија.

„Никогаш не ни се случило да се мешаме во изборните процеси, напротив, од основањето на партијата овде на Косово, во сите изборни процеси, имало мешање од страна на Косово, но секогаш пропаднале, никогаш немале успех“, рече тој.

 

Related posts

Корупцијата ја уназадува дигитализацијата на јавната администрација

admin

ПУТИН ЗАБРАНИ ИЗВОЗ НА РУСКА НАФТА ВО ЗЕМЈИТЕ КОИ ВОВЕДОА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ

ninja

Што може да се очекува од ЕУ во 2025 година?

admin

Која „беса“ ќе победи- за независно или партизирано судство?

admin

ЗОШТО АНКЕТИТЕ ГО ВРАТИЈА ГРУЕВСКИ НА „БЕЛ КОЊ“?

ninja

Вечерата на кралот Чарлс од 500.000 евра предизвика дупка во буџетот на Франција

admin