15.8 C
Скопје
25 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Димитриевски против протоколот на Курти: За каков соживот се боревме?

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, во објава на Фејсбук го осуди вчерашниот протокол и организацијата при пречекот на косовскиот Премиер Албин Курти во Општина Чаир, како и одлуката за промената на името на улицата “Втора Македонска ударна бригада” во Адем Демачи, пренесува Инбокс7.

“Неинтонирањето на државната химна, неистакнувањето на државното знаме, интонирањето на химната на друга држава и истакнувањето само на знамињата на заедницата и знамињата на туѓа држава е спротивно на Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија и Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија.
Истакнувањето на обележје на јавен собир во Тетово од т. н. голема Албанија е спротивно на Уставот и Законите на државата”, вели тој.

Димитриевски ги повикува надлежните, во овој случај МВР и ОЈО да “постапат согласно овластувањата и превземат постапки против одговорните и сторителите”.

“Јавно прашање до раководството и моите довчерашни сопартијци: За ваков ли соживот и взаемно почитување се боревме под паролата” Едно општество за сите”?! Како се чувствувате денеска кога спомените на нашите паднати дедовци и баби, партизани, антифашисти од НОБ (од сите народи и народности од Македонија во тоа време) СЕ БРИШАТ и менуваат со имиња на борци за национални каузи? Вие втор ден молчите а молкот во овој случај е повеќе и од срам”, пишува Димитриевски.

Related posts

Американски воен бил нападнат со беспилотни летала од Јемен

admin

Таравари под притисок: Владината коалиција го условува останувањето со прекин на врските со ДУИ

admin

УЈП откри “нафтена мафија”, преку лажни фактури сакале да извлечат пари од државната каса

admin

Колку криминалци барани со потерница се шетаат низ земјата?

admin

ГЕОРГИЕВ: НЕМАМЕ ПЛАН КАКО ДА ГО РАЗВИВАМЕ ОБРАЗОВНИОТ СИСТЕМ

admin

ДУИ ја обвини владата за лицемерие околу проектот „Коридор 8“

admin