-3.2 C
Скопје
14 декември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Доаѓа ли војната на територијата на Русија?

Фактот дека украинските беспилотни летала пристигнаа во срцето на руската престолнина во последните месеци, дури и ако досега не предизвикаа голема штета, е засрамувачки за руските власти, кои на јавноста и порачаа дека Русија има целосна контрола врз нивната „специјална воена операција“ во Украина.

Беспилотно летало удрило во кула во деловниот кварт на Москва, изјави градоначалникот на руската престолнина, додавајќи дека противвоздушната одбрана соборила неколку такви дронови.

„Противвоздушната одбрана собори неколку беспилотни летала кои се обидуваа да се движат кон Москва. Еден од тие авиони ја погоди кулата, која веќе беше цел на таков напад“, рече на 1 август, градоначалникот Сергеј Собјанин на Телеграм.

Два дена претходно руското Министерство за одбрана објави дека рано во неделата, на 30 јули, соборило три украински беспилотни летала кои се обиделе да ја нападнат Москва, што е втор таков напад во последните седум дена. Беспилотните летала оштетија висока зграда во која беше пријавено дека се сместени владини канцеларии.

„Во нападот нема повредени, а евидентирана е помала штета на фасадата на две деловни згради во деловниот кварт Москва-Град“, изјави Собјанин.

Областа, недалеку од Кремљ, е позната по модерните високи кули. Во една од оштетените згради имало три министерства на руската влада, како и станбени простории, јавуваат руските медиуми.

Фактот дека украинските беспилотни летала пристигнаа во срцето на руската престолнина во последните месеци, дури и ако досега не предизвикаа голема штета, е засрамувачки за руските власти, кои на јавноста и порачаа дека Русија има целосна контрола врз она што го ја нарекуваат нивната „специјална воена операција“ во Украина.

Зошто?

Два дрона стигнаа до Кремљ во мај во најголемиот инцидент од ваков вид. Минатиот понеделник Русија објави дека спречила напад врз Москва со две беспилотни летала, од кои едното беше соборено во близина на седиштето на Министерството за одбрана.

Киев вообичаено не презема одговорност за конкретни инциденти на руска територија и не ја презема одговорноста за последниот напад, иако претседателот Володимир Зеленски рече дека војната „постепено се враќа на руска територија“, во нејзините „симболични центри“.

„Војната постепено се враќа на територијата на Русија – во нејзините симболични центри и воени бази и ова е неизбежен, природен и апсолутно праведен процес“, рече Зеленски во своето секојдневно обраќање до нацијата.

 

Целата анализа прочитајте ја ТУКА!

Related posts

„Не можам да верувам дека зборувам за мојата мртва ќерка“: Потресна исповед на таткото на младата аргентинка која загина во Приштина

admin

Гаши: Бојкот на Собранието, ако не биде изгласан нашиот кандидат за член на ДИК

admin

Русија го губи енергетскиот пазар, Германија потпишува 20 годишен договор за снабдување со течен гас од САД

admin

ВОЈНАТА ВО УКРАИНА МОЖЕ ДА ПРЕРАСНЕ ВО ВОЈНА МЕЃУ НАТО И РУСИЈА, РЕЧЕ СТОЛТЕНБЕРГ

ninja

Никој не може да го отповика градоначалникот ако сам не го направи тоа – Во првата верзија на законот имало можност, во сегашната нема

admin

ДАЛИ ВЛАСТА ПАК ЌЕ КУПУВА ВЛИЈАНИЕ ВО МЕДИУМИТЕ?

ninja