20.8 C
Скопје
27 септември, 2023
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Касами со одговор до Ковачевски и Пендаровски: Власта не може да го сокрие стравот

По критиките на премиерот,  Димитар Ковачевски, и претседателот на државата, Стево Пендаровски, во врска со пречекот на косовскиот премир Албин Курти во Тетово и Чаир, се огласи тетовскиот градоначалник и лидер на БЕСА, Билал Касами,  пренесува Инбокс7.

“Власта не успеа да го сокрие, ниту да го контролира стравот од пораз на следните избори, особено кога во преден план дојде обединетиот опозициски фронт со поддршка на премиерот на Косово, Албин Курти.”

“Ја разбираме загриженоста на претседателот и Владата, на кои, зачудувачки, со поддршка и реакции излезе и Белград и знаеме дека оваа политичка реторика нема врска со посетата на Албин Курти, туку има врска со загриженост дека опозициските Албанци во РСМ се здружуваат и и бројат денови на оваа влада на криминал и корупција”, вели Касами.

Доаѓањето на премиерот Курти,  според него, било исто толку почит и чест за Албанците од Северна Македонија, колку што беше почит и за државата Северна Македонија, со која беше потпишан меморандумот на заедничкиот проект, на патот Тетово-Призрен.

Related posts

ОЗНАКАТА “NMK” ЌЕ ГИ ЧИНИ ГРАЃАНИТЕ 11 МИЛИОНИ ЕВРА

ninja

ИМА ЛИ РУСКИ ЗАЧИН ВО МАКЕДОНСКО – БУГАРСКАТА ЧОРБА?

ninja

Коха Диторе: Косово и Северна Македонија не ги исполнија обврските за патот Призрен-Тетово

admin

БАЈДЕН БАРА 37 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ИТНА ПОМОШ ЗА УКРАИНА

ninja

Фон ден Лајен ја почнува балканската турнеја утре во Скопје

ninja

Борел: Курти, за жал, го отфрли компромисот

admin