14.8 C
Скопје
26 септември, 2023
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицевски: Уставни измени под диктат нема, власта нема двотретинско мнозинство

После цела година сеење магла од страна на власта излезе на виделина дека во Собранието нема двотретинско мнозинство за уставни измени, изјави денеска Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, пренесува Инбокс7.

Според него, во Собранието нема 80 пратеници, а надвор од Собранието над 80%  од народот се противи на уставни измени под бугарски диктат.

„Денес се соочија со суверенитетот и интегритетот на Македонија од една страна и инаетот и ароганцијата на власта од друга страна. Она што владата го нарекува свршен чин кој мора да се земе или остави, народот го смета за распродажба на националните и државните интереси и одбива да го прифати. Уставни измени не се прават врз основа на натурање и диктат од надвор. Тоа е газење на достоинството и интегритетот на државата, но во исто време погазување на суверенитетот, бидејќи народот е суверен, а тој во огромно мнозинство кажа не.“, вели Мицевски.

„Во целиот процес кој го правеше власта исклучувајќи ја јавноста и опозицијата, а кога уследи сугестија дека грешат, се појави ароганција и игнорирање од нивна страна.“

„Изворот на проблемот датира од 2017 година кога потпишуваа договор со Бугарија кој наместо пријателство, донесе тензии и уцени. И тогаш беа предупредувани за последиците, и сега ги предупредуваме, ама Ковачевски и власта се тврдоглави или така сакаат да се прават. Прифатија услови за евроинтеграции кои ги немала ниту една земја пред нас, услови кои значат или вечни преговори или асимилација. Ја внесоа со својата кусогледност државата во ќорсокак.“

Оваа власт, според Мицевски, е развластена, „не само заради тоа што уставните измени и се удрија од ѕид, туку затоа што ја упропастија државата“.

„Институциите се киднапирани, а СДС и ДУИ се фрлени на криминал и корупција која граѓаните ја плаќаат со своите пари, но и со своите животи. Оваа власт е продолжниот кабел кој ја изгоре Македонија. Оваа власт е инфлацијата која го изеде стандардот. Оваа власт е апатија која ги брка граѓаните, оваа власт е проблемот, а решението на тоа се избори час поскоро и промена на власта. Уставни измени под диктат нема, ама затоа избори мора да има, бидејќи оваа власт е делегитимирана.“, изјави Мицевски.

Related posts

Незири: Албанците имаа конструктивна улога во процесот со Бугарија

ninja

Реформи на линија со ЕУ-стандарди, а не со неказнивост

admin

Манифест за консензус за уставни измени или купување време?

admin

Уставни измени со одложено дејство се пуста желба, Пендаровски: Заклучоците на Советот на Европа се кристално јасни

admin

РУМЕН РАДЕВ ГО ВРАЌА ВО ИГРА ВЕТОТО ЗА С. МАКЕДОНИЈА

ninja

KРИЗА НА ЛИДЕРСТВО, ВИЗИЈА, МОРАЛ ИЛИ НА СЀ ЗАЕДНО?

ninja