7.8 C
Скопје
29 април, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Објавен нацрт-Извештајот од скринингот, Маричиќ: Основа за клучните документи

Денеска во Брисел е објавен нацрт Извештајот од Европската комисија за Кластер 1, „Фундаментални вредности“, пренесува Инбокс7.

Според вицепремиерот за Европски прашања, Бојан Маричиќ, Извештајот е водич и основа за подготовка на клучните документи-Патоказите за владеење на правото, функционирањето на демккратските институции и реформата во јавната администрација, а истовремено е рефлексија на скрининг процесот, кој трае скоро една година.

“Поединечните наоди ќе ги коментираме во натамошна фаза кога ќе треба да се вградат во Патоказите, кои ќе бидат консултирани со сите општествени чинители, во еден транспарентен и инклузивен процес”, вели тој.

Оценката на Комисијата во Извештајот, според Маричиќ, се заснова на информациите добиени за време на скринингот како и на дијалогот што се води во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, како и годишните Извештаи на Европската комисија кои се дел од пакетот за проширување.

“Ова е само нацрт Извештај кој допрва ќе се дискутира и усвојува од страна на државите членки на ЕУ и доаѓа во вистинско време кога интензивно работиме на изработка на Патоказите.”, рече тој.

Извештајот, вели Маричиќ, ја отсликува состојбата на државата и насока за идните реформи кои Северна Македонија треба да ги направи во областа на владеењето на правото, поточно реформите во правосудството, борбата против корупцијата и организираниот криминал и човековите права, како и да го зајакне функционирањето на демократскиот институции и реформата во јавната администрација, со цел исполнување на условите за членство во Унијата.

 

Линк до нацрт Извештајот: https://neighbourhood-enlargement.ec.europa.eu/screening-report-north-macedonia_en?fbclid=IwAR1gcZuWa_w1wNcW-qpd5YVY27MAaw-IgRf3XhYgSW9TEP2M5fjulZt9ytc

 

 

Related posts

Касами и со владин црвен картон не го напушта стадионот во Тетово

admin

Еден ден по средбата на Блинкен, Бајден го нарекува Кси Џипин диктатор

admin

Почна состанокот на лидерите на земјите од Процесот Брдо-Бриони

admin

Таравари: Стигнавме до 10 партии, не знам веќе кој за кого работи

admin

Запален автомобилот на Артан Груби

admin

САД има уште 2 недели да избегне банкрот, нема договор за границата на долгот

admin