27.8 C
Скопје
1 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

“Пратениците добро да размислат дали ќе гласаат за Европа или за изолација”, Ковачевски оптимист за уставните измени

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека владината коалиција е стабилна и не очекува промени во правецот на делувањето на проевропските партии во однос на уставните измени, пренесува Инбокс7.

“Опозицијата треба да изгради став и да одлучи дали е за интеграција во ЕУ, реално и суштински или за изолација. Не треба да се замајуваат граѓаните со флоскули или со невистини. Прво беше „асимилација и бугаризација“. Откако се виде дека нема ништо од тоа сега е „бугарски диктат“. Уставните измени не се ничиј диктат, ниту пак нечиј поединечен предлог, туку се дел од преговарачката рамка на Република Северна Македонија со Европската Унија. Ни повеќе ни помалку. За нас државни теми се членството во ЕУ и економскиот напредок, а темата за предвремени избори е одамна затворена. Сепак, водејќи се од државниот интерес, на лидерската средба ја понудив оваа опција како можност за опозицијата да ги поддржи уставните измени. Ако опозицијата изгласа уставни измени ние сме подготвени уште утредента да одиме на избори, и тоа е јасно”, вели Ковачевски

 

Related posts

ОЈО Струга отвори истрага за загадување на водата за пиење

admin

Историски железнички договор за поврзување на Скопје и Софија

admin

(ВИДЕО) Милошоски: Би било наивно да се смени Уставот само за да се отпочнат преговори за членство

admin

ОСТИН: РУСИЈА ГО ПРОШИРУВА СВОЈОТ НУКЛЕАРЕН АРСЕНАЛ

ninja

Рубио и Блер именувани во „Одборот за мир“ на Трамп за Газа

admin

Дали ќе има договор за датумот за избори?

admin