30.8 C
Скопје
25 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Таравари: Излегуваме од владата и одиме на избори ако не поминат уставните измени

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари изјави дека не гледа ништо трагично во неговите средби со првиот човек на ДУИ, Али Ахмети. Таравари рече дека средбите се случајни и биле по повод на разни прослави, пренесува Инбокс7.

„И во петокот се сретнавме, случајно, без план, се сретнавме и вчера. Не гледам ништо трагично овде. И кога имаше средби без камери, инсистирав од ПР тимот да се прикажува бидејќи ништо не криеме. Комуницираме со сите политички партии и македонски и албански, освен со Левица, имаме редовна комуникација со сите останати и ќе продолжиме“, нагласи Таравари.

Taравари вели дека се уште има надеж дека уставните измени ќе се спроведат, но доколку не поминат, тогаш вели дека ќе има потреба од предвремени парламентарни избори.

„Имам надежи дека се уште постои можност да се спроведат уставните измени, доколку не се спроведат имаме нов момент. Тој момент треба да се испита во партиските органи и да излеземе со став“, рече Таравари.

Шефот на АзА вели дека доколку ќе нема потреба од предвремени избори, тогаш би било идеално тие да се одржат заедно со претседателските избори во пролетта 2024 година.

„Верувам дека ако не се изгласаат уставните измени, имаме ситуација да одиме на предвремени избори. Верувам дека тие избори ќе бидат заедно со претседателските, ќе се одржат и парламентарните избори. Како што мислам дека не вреди да се одржат избори во ноември или декември, како што мислам дека не вреди да се одржат регуларни избори во август или септември, но повторно тука ни треба консензус меѓу сите партии за датумот“, изјавија Таравари.

Related posts

Ќе се чешла помошта од 100 милиони евра за стопанството

admin

Пандов: Ова не е напад врз мене, туку врз институцијата што ја претставувам

admin

КОВАЧЕВСКИ: И ЕВРЕИТЕ ЌЕ ВЛЕЗАТ ВО МАКЕДОНСКИОТ УСТАВ

ninja

Германија ниту во војна, ниту во мир со Русија

admin

„Ако Венко Филипче има златна виза од друга држава, како може да тврди дека иднината му е тука?“

admin

Мехмети: Да не беа уставните измени, разликите меѓу Груевски и Мицкоски ќе останеа “под маса”

admin