„Западен Балкан постигна значителен напредок во последните две децении, но не е на местото каде што неговите граѓани или странските миротворци се надеваа дека ќе бидеме по дваесет и повеќе години. За жал, несогласувањата меѓу економиите продолжуваат и конфликтите може да ги попречат инвестициите и економскиот раст во регионот. Имајќи го ова на ум, како и големите геополитички промени, мораме да го земеме предвид развојот на регионалните тела како што е ПСЈИЕ чија вредност може да лежи во неговата способност да преговара рано, неговата функција да ги превенира и разрешува несогласувањата пред тие да стигнат до поголеми, мултилатерална фаза. Можеме ли да го замислиме ПСЈИЕ како регионален бедем, вистински одраз на уникатните карактеристики на Југоисточна Европа, поврзани со заеднички вредности кои го одразуваат етосот на Европската унија“, рече генералниот секретар на Советот за регионална соработка (РСС) Мајлинда Брегу на отворањето на министерскиот појадок на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој вчера во Њујорк, за време на неделата на состаноците на високо ниво на Генералното собрание на ОН, заеднички организирани од Регионалниот совет за соработка (РСС) и С.Македонија како претседател на ПСЈИЕ.
„Како чувари на регионалната соработка, сме свесни за преовладувачките нарушувања во светскиот поредок, како што е руската агресија врз Украина. Нашата заедничка историја ни покажа дека кога глобалните институции и рамки се преоптоварени, регионалните тела можат да интервенираат и да обезбедат стабилност, континуитет и насока“, додаде Брегу, пренесува Инбокс7.
„Растот во економиите на Западен Балкан е значително намален во изминатата деценија со намалувањето на домашната побарувачка и растот базиран на извоз предизвикан од слабата конкурентност. Миграцијата и заминувањето на квалификувана работна сила претставуваат значајни предизвици за сите општества во регионот. Сепак, напредокот се сведува на имплементација и доверливост. Подобрата интеграција со ЕУ во секторите како што се трговијата, климата, енергијата, истражувањето, здравството, како и надворешната и безбедносната политика ќе им помогне на економиите-кандидати да се чувствуваат дел од просторот на Европската унија дури и додека се уште се на пат кон членство. И додека се работи на овие идеи, сепак ќе биде важно да се обрне внимание на практичните чекори за градење врски, идентитети и соработки преку други средства. Прашањето на нашата денешна средба не е дали ПСЈИЕ има улога, туку колку таа улога треба да биде обемна, проактивна и трансформативна и како можеме заеднички да придонесеме во таа насока“, заклучи Брегу и ги повика учесниците на ПСЈИЕ да се ангажираат поодлучно во заедничките напори да се работи на имплементација на стратегијата Југоисточна Европа 2030 како авенија на одржлив развој на целокупниот пат на глобално подобрување, цел на која свечено беше посветена овогодинешната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.
Генералниот секретар на Советот за регионална соработка одржа предавање на Универзитетот во Мичиген во Детроит претходно оваа недела во рамките на семинарот на Центарот за европски, руски и евроазиски студии (ЦЕРЕС) насловен „Соработка околу поделбите на Западен Балкан – геополитички предизвици во контекстот на војната во Украина“. Пред министерскиот состанок на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, генералниот секретар се сретна со специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина и другите регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак, со кого разговараше за актуелната ситуација во регионот и најважните претстојни активности.