11.8 C
Скопје
25 февруари, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Груевски му врати на Мицкоски, му постави две прашања

Никола Груевски му врати на Христијан Мицковски преку пост на неговиот Фејсбук профил, пренесува Инбокс7.

Груевски реагира за изјавата на Мицковски за германскиот медиум ФАЦ дека тој работи со владата за да поминат уставните измени и да ја подели ВМРО-ДПМНЕ. Груевски го повикува јавно да одговори на следните две прашања:
“1. Дали е точно дека тоа го кажал во изјавата за германскиот медиум,
2. Доколку е точно, дали може лично тој јавно да каже со кој мој потег, изјава, натпис или било што јас сум се обидел да ја поделам партијата и да даде доказ дека јас сум прифатил валкана игра со власта која треба да ја спроведам со помош на мои приврзаници во партијата.”

“Се надевам дека одговорот ќе е јасен, недвосмислен, директен и личен исто како и изјавата, без префрлање на изјави на преставници на партијата, портпароли, давање брифинзи на портали или други медиуми со кои има блиска соработка.”, вели Груевски.

Мицкоски го обвини неговиот претходник Груевски дека е во тајна комуникација со владата, со цел да се подели ВМРО-ДПМНЕ за да се протуркаат уставните измени.

Неговата партија ѝ понудила своја поддршка во преговорите со Бугарија на коалицијата на премиерот Димитар Ковачевски, но таа била одбиена. Потоа тој предупредил да не се прифаќа францускиот предлог: ‘Ние јасно кажавме дека нема да има двотретинско мнозинство за него. Кажавме: не преземајте обврски кои не можете да ги исполните’. Но, се случи спротивно. ‘Сега постои договор во чие настанување ние, како несомнено најсилна политичка сила во земјата, не учествуваме – и сакаат да нѐ убедат дека сепак мораме да се согласиме, зашто инаку сме против ЕУ’, вели Мицкоски. Тој укажува дека неговата земја стреми кон прием во ЕУ и се придржува на санкциите против Русија: ‘Јас бев првиот политичар во оваа земја кој на рускиот амбасадор му кажа дека го осудува рускиот напад врз Украина, дека во 21 век во Европа не може да биде доведен во прашање територијалниот интегритет на една суверена држава. Руската агресија против Украина е во спротивност со сето тоа.’

Македонците многу добро можат да се соживеат со положбата на Украинците, вели Мицкоски: ‘Русите ги негираат украинскиот идентитет и јазик, како Бугарите нашиот.

За да издејствува уставни измени,  владата подготвува валкани дилови,  тврди Мицкоски. Таа планира да му вети кривична неказнивост на во Унгарија побегнатиот поранешен премиер Никола Груевски за тој да се врати и да помогне, со помош на неговите поддржувачи, уставните измени да поминат во Парламентот.

Груевски, ултраконзервативниот претходник на Мицкоски на чело на партијата ВМРО, кој го симпатизираше Трамп, е обвинет и против него се водат повеќе кривични постапки за злоупотреба на службената положба, но ѝ избега на правдата во 2018 година и се засолни кај неговиот сојузник Виктор Орбан, кој му одобри политички азил.

Неодамна македонската влада во Парламентот по итна постапка ги намали казните и роковите за  застарување на кривични дела за Груевски и други сторители.

‘Груевски се наоѓа во тајна комуникација со владата’, тврди Мицкоски.  ‘Владата верува дека може да ја подели нашата партија.’  Но, тоа нема да успее, уверен е шефот на опозицијата. ‘Направивме сѐ за нашата европска перспектива. Но, нам ни се поставуваат постојано нови барања’. На тоа сега е крај, доколку не биде прифатен неговиот предлог за одложена примена на уставните измени, тогаш нема да има никакви промени на Уставот,” дециден е Мицкоски во разговорот за весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Related posts

„Турбината“ на ЕУ врти и за македонските енергетски потреби

ninja

Министерот за здравство со шокантна изјава: Се вршат операции со ‘рѓосани алати

admin

МЕЃУ ХИБРИДНИТЕ ЗАКАНИ, ЗАСКИТУВА И ПО НЕКОЈ УЧЕНИК?

ninja

Даути на средба со Пендаровски: Заедно да поттикнеме економски развој

admin

Груби: Време е за храбри одлуки и помирување

admin

Ја памтите ли германска марка?

admin