5.8 C
Скопје
19 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Над 4.1 милиони украинци се засолнети во ЕУ

На 31 јули 2023 година, повеќе од 4,1 милиони граѓани кои избегаа од Украина како последица на руската инвазија на 24 февруари 2022 година, имаа привремен статус на заштита во земјите на ЕУ, соопшти Еуростат, пренесува Инбокс7.

Главните земји на ЕУ коишто се домаќини на бегалците од Украина се Германија (1 153 865 лица; 28% од вкупниот број), Полска (971 080; 24%) и Чешка (357 540; 9%).

Во споредба со крајот на јуни 2023 година, бројот на корисници на привремена заштита од Украина во ЕУ се зголеми за 45 915 (+1,1%).

Најголеми апсолутни зголемувања се забележани во Германија (+20 445, +1,8%), Чешка (+8 400; +2,5%) и Холандија (+3 515; +2,9%).

Од друга страна, две земји забележаа намалување на бројот на лица под привремена заштита: Полска (-6 660; -0,7%) и Латвија (-1 760; -4,2%).

Во споредба со населението на секоја членка на ЕУ, најголем број на вкупни корисници на привремена заштита на илјада луѓе на крајот на јули 2023 година се забележани во Чешка (33,0), Полска (26,4), Естонија (25,9), Бугарија (25,3) и Литванија (25,0), додека соодветната бројка на ниво на ЕУ беше еднаква на 9,2 на илјада луѓе.

На 31 јули 2023 година, украинските граѓани претставуваа над 98% од корисниците на привремена заштита. Возрасните жени сочинуваат речиси половина (46,6%) од корисниците на привремена заштита во ЕУ. Децата сочинуваат нешто повеќе од една третина (34,2%), додека возрасните мажи сочинуваат помалку од една петтина (19,2%) од вкупниот број.

Related posts

ОБСЕ со план од 9 чекори за нормализација на ситуацијата во северот на Косово

admin

Ахмети му враќа на Меџити: ДУИ беше, е и ќе остане авангарда на националното прашање

admin

ГРЦИТЕ НА ПРОТЕСТИ ПОРАДИ ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА

ninja

Апелациониот суд Скопје укина притвор за Асмир Јаховски со гаранција од над 986.000 евра

admin

Дали булингот ги претвара децата во убијци?

admin

Мицкоски ја формираше коалицијата „Твоја Македонија“

admin