5.8 C
Скопје
19 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Над 8 илјади слободни работни места, се бараат и државни функционери, дипломати, директори…

Вкупно 8059 слободни работни места се регистрирани во Северна Македонија, од кои најголем број се во услужните дејности, техничари, ракувачи со машини и елементарни занимања, пренесува Инбокс7. 

Од овој број, 15 слободни места се за “членови на законодавни и извршни тела, државни функционери, раководни државни службеници, дипломати и директори”.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2023 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.62 %.

Највисока стапка на слободни работни места од 3.33 % има секторот Б – Рударство и вадење на камен, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација во кој изнесува 0.25 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.25 %.

Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.66 %. Додека најмалку слободни работни места се евидентирани во Полошкиот и Северозападниот регион.

Најголем број слободни работни места, односно 2 688, има во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба.

Related posts

ТИРЗ ќе дава 500.000 евра за канцелариска опрема и по 20.000 евра за кирија на стадион

admin

АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ ОДЛУЧИ – ВЛЕГУВА ВО ВЛАДА

ninja

Само двајца министри уредно го пријавиле својот имот

admin

Компаниите чекаат услови за унгарскиот заем, Владата уште не го потпишала договорот

admin

ДЕМНЕЊЕ СТАНА КРИВИЧНО ДЕЛО, ЗАТВОР ЗА НАПАЃАЧИ НА НОВИНАРИ, ЛЕКАРИ И АДВОКАТИ

ninja

Ковачевски: Добро е што опозицијата не е против уставните измени

admin