11.8 C
Скопје
17 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Две третини од државниот врв во посета на САД

Функционерите при патување во странство треба да бидат порационални со државните пари, порачуваат од Антикорупциската комисија. Во исто време во посета на САД се две државни делегации, едната предводена од претседателот на државата, а другата од премиерот. Првиот се обраќа пред ОН, вториот се среќава со економски и политички претставници.

И претседателот на државата и премиерот се во посета на Соединетите Американски Држави.

Претседателот Стево Пендаровски ја предводи државната делегација на 78. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации. Премиерот Димитар Ковачевски, пак, посетата на Њујорк ја искористи за средби со економски лидери и со претставници на САД и на ЕУ.

Од тројцата претставници на државниот врв на Северна Македонија, во државата остана само претседателот на Собранието, Талат Џафери.

При одењето на седниците на Генералното собрание на ОН се практикува системот на ротација – една година оди претседателот на државата, а една премиерот и имаат свое обраќање. Прв пат и двајцата највисоки функционери се во исто време и на исто место – во Њујорк.

Друштво на Пендаровски му прават неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска, вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за надворешни работи, Бујар Османи. И премиерот не е сам, со него е вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Related posts

РУСИЈА НЕГИРА ДЕКА ИМАЛО РАЗГОВОРИ МЕЃУ БЛИНКЕН И ЛАВРОВ

ninja

Варга: Украина нема да го признае Косово, Вучиќ се договори со Зеленски во Атина

admin

Ескобар со ултиматум до Курти и Вучиќ: Имате уште два дена

admin

Сиљановска-Дафкова положи заклетва со старото име на државата

admin

Мандатот на Ковачевски – економски пожари, закочена евро-интеграција и зголемена корупција

admin

Богати пратеници во „единицата“: Секој од нив во просек има 250 илјади евра

admin