32.8 C
Скопје
5 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Михаел Рот ги коментира измените на Кривичниот законик: Без борба против корупцијата нема ЕУ

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на германски Бундестаг, Михаел Рот, рече дека сите земји кои сакаат да се вклучат во Европската Унија мора да ја продолжат борбата против корупцијата, пренесува Инбокс7.

На Конференцијата „Унапредување на Берлинскиот процес преку парламентарната демократија“, која се одржува во Собранието, Рот даде одговор на новинарско прашање во врска со експресното усвојување на измените на Кривичниот закониккое предизвика реакции во јавноста поради намалување на казните за носителите на јавни функции во случаите на злоупотреба на службената должност.

„Ова не е време за уцени едни кон други, има јасни очекувања од ЕУ, бидејќи пред се ние сме Унија на заеднички вредности, на заеднички пазар и сите земји кои сакаат да се вклучат во ЕУ мора да ја породолжат борбата против корупцијата“, рече Рот, јавува РСЕ.

Тој истакна дека не сака да навлегува во детали во однос на измените на Кривичниот законик, напомена дека ги чул и гласините во врска со амнестијата, но нагласи дека политичарите во земјава тука треба да решат за тоа. Рот порача дека „уставните измени се можеби болни, но се неопходни за да ја вратат земјата на европскиот пат“.

Германскиот парламентарец дојде во Скопје како дел од меѓународните дипломатски напори за отворање на европскиот пат на Северна Македонија и спроведување на уставните измени како услов за напредок кон ЕУ.

Related posts

“Нема договор меѓу Меџити и Касами за раководење со ВЛЕН”: Фетаи ја обвини ДУИ за „спин“

admin

ФОТО Тешка сообраќајна несреќа на патот Росоман-Прилеп, има и загинати

admin

Поседува ли национален и НАТО безбедносен сертификат? Еве што вели Ковачки

admin

Министерството за здравство отвори истрага за наводниот извоз на човечки мозоци за научни цели

admin

Уапсен во Белград возачот осомничен за смртта на жена во Скопје

admin

Автомобил-бомба го ликвидираше клучниот човек на руската армија, Москва во шок!

admin