5.8 C
Скопје
12 ноември, 2024
Inbox7.mk
АНАЛИЗА

Евроинтеграциската теленовела

Пишува: Џелал Незири

Интеграцијата на Северна Македонија во Европската унија (ЕУ) наликува на сапунска опера коja има отворена и постојана приказна. Во овој тип на продукција, настаните се претставени како во бајка, каде секоја епизода завршува со најава дека приказната ќе продолжи во друга епизода. Исто како и со трите вета, сите од земји-членки на ЕУ (Грција, Франција, Бугарија).

За да успее една сапунска опера, таа мора или да го одразува колективниот начин на размислување на јавноста или да и ја претстави посакуваната реалност на публиката. И во двата случаи го постигнуваат истиот ефект: циркуска забава. Од стратешка цел, членството во ЕУ се повеќе се претвора во материјал за спектаклни дебати кои ја забавуваат јавноста, главно постарите луѓе кои не нашле место на европскиот пазар на труд.

Холандскиот амбасадор во Скопје, Дирк Јан Коп, минатата недела на дебата праша: „Каде се нашите (европски) пари што ги дадовме за реформи што не се спроведени?” Секако, прашањето на амбасадорот беше реторичко. Поентата му е немањето реформи. Неспорен факт. Но, исто факт е дека ниту ЕУ не била толку заинтересирана да го вклучи Западен Балкан во својот клуб. Тоа, се разбира, лошо се одразило врз реформите. По промената на името во 2018 година, наместо брза лента кон ЕУ, Северна Македонија доби две вета последователно. За љубов се потребни двајца. Еди Рама ќе речеше: Младоженецот може да биде дотеран колку сака, но ако невестата не сака да се омажи, тој повторно останува ерген.

Не дека нема теленовели во нашиот телевизиски простор. Ги има многу. Но, спектакл сам по себе е последната серија со нови епизоди, која се однесува на уставните измени. Секоја епизода завршува со најава дека следната седница на Собранието ќе биде свикана и измените ќе бидат усвоени со 80 пратеници. Енигмата лежи во тоа што недостасуваат најмалку 6 пратеници. Дали ќе се најдат кај опозицијата, дали ќе паднат „од небо“ или ќе бидат „увезени од странство“ (од Црна Гора на пример). Како “гуест стар” еднаш се појавува Никола Груевски, поранешниот премиер кој доби азил во Унгарија, за потоа некој олигарх на земјата. Јавноста е убедена дека во име на уставните измени се направија и измените на Кривичниот законик, се донесе  Законот за амнестија, застаруваат корупциските случаи, може ќе се врати и аболицијата на Ѓорѓе Иванов…

Но, крајот на серијата „Уставни промени“ не се гледа. Тамам ќе помислуваме дека ќе поминат, одеднаш се појавува нова пречка. Некои албански протагонисти во оваа теленовела личат на оние деца кои не знаат на која страна да застанат по разводот на нивните родители. Тие се најнеодлучните, најнепредвидливите ликови во целиот филм. Со своите “влези-излези” во владата оставаат впечаток дека не знаат што сакаат и каде ја водат својата група, но реално многу добро знаат што бараат. За себе, се разбира.

Колку и да звучи интересно, оваа сапунска опера можеби нема да заврши со децении. Со текот на времето, таа дури ќе почнува да добива тон на мелодрама.

Related posts

САД и ЕУ во регионот: Тактички партнери и стратешки ривали

admin

Коридор 8: Кој то тамо пева?

admin

Tик ток, опасна мрежа или немоќ на системот да едуцира

admin

НЕ МУ ГО ГЛЕДАЈ ЛИЦЕТО, ГЛЕДАЈ МУ ЈА РАБОТАТА

admin

Како и зошто стигнавме на оваа дереџе?

admin

Олаф Шолц – молчаливиот германски канцелар

admin