16.8 C
Скопје
22 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ЕУ со нов план за економски раст на Западен Балкан

Новиот план опфаќа отворање на делови од единствениот пазар на ЕУ, но за возврат се бараат коренити реформи пред членството во ЕУ за шесте земји од регионот. Планот се оценува како добра шанса за Северна Македонија.

 

пред Новиот план опфаќа отворање на делови од единствениот пазар на ЕУ, но за возврат се бараат коренити реформи пред членството во ЕУ за шесте земји од регионот. Планот се оценува како добра шанса за Северна Македонија.Лидерите на Европската Унија понудија нов план за раст на Западен Балкан на Самитот на Берлинскиот процес во Тирана. Планот опфаќа отворање на делови од единствениот пазар на ЕУ, но за возврат се бараат коренити реформи пред членството во ЕУ за шесте земји од регионот (Албанија, Северна Македонија,Босна, Косово, Црна Гора и Србија), кои се во различна фаза од пристапувањето кон Унијата. 

Лидерите на Европската Унија понудија нов план за раст на Западен Балкан на Самитот на Берлинскиот процес во Тирана. Планот опфаќа отворање на делови од единствениот пазар на ЕУ, но за возврат се бараат коренити реформи пред членството во ЕУ за шесте земји од регионот (Албанија, Северна Македонија,Босна, Косово, Црна Гора и Србија), кои се во различна фаза од пристапувањето кон Унијата.

Во фокусот на средбите во Тирана се најде интеграцијата на Западен Балкан на единствениот пазар и поддршката на зелената и дигитална трансформација. На самитот присуствуваа високи претставници на ЕУ – претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, како и германскиот канцелар Олаф Шолц. Тие порачаа дека ЕУ мора да се подготви за проширување со нови членки до 2030 година и дека заедничкиот регионален пазар значително ќе го донесе регионот блиску до ЕУ.

Еди Рама Олаф Шолц Тирана
Албанскиот премиер Еди Рама и германскиот канцелар Олаф Шолц во ТиранаФотографија: Michael Kappeler/dpa/picture alliance
Нов план за раст

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен од Самитот на Берлинскиот процес во Тирана порача дека вратите на Европската Унија се отворени за тие кои сакаат да одат напред и ќе ги спроведат неопходните реформи. Таа презентираше нов план за раст.

„Сакаме да им дадеме пристап на единствениот европски пазар, пристап на компаниите од Западен Балкан на заедничкиот европски пазар, но за тоа се потребни реформи во земјите од Западен Балкан. Тоа е охрабрување за оние кои навистина сакаат да одат напред, сакаат да ја унапредат економијата. Нашите врати се отворени и ајде да работиме денес на овој план за раст“, изјави Урсула фон дер Лајен во Тирана.

Таа во обраќањето на работните сесии рече дека сакаат да ги отворат европските врати во специфични области од пазарот за Западен Балкан и тоа треба да се направи сега. „Отворањето на вратите не е доволно. Земјите од Западен Балкан исто мораат да го комплетираат нивниот регионален заеднички пазар, а тоа подразбира е услов земјите од Западен Балкан да дадат пристап на своите соседи на нивните пазари. Со други зборови ако има блокади, се блокирате самите, другите ќе продолжат понатаму“, рече претседателката на Европската комисија фон дер Лајен.

На прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама и со германскиот канцелар Олаф Шолц, претседателката на Европската комисија презентираше детали од планот за раст: отворање нови трговски патишта во одредени области на заедничкиот пазар на ЕУ за балканските земји како што се слободното движење на стоки и услуги, патниот сообраќај, енергијата, електричната енергија и дигиталниот пазар. Шесте земји треба да спроведат брзи реформи кои пак ќе бидат придружени со инвестиции. Земјите ќе имаат пристап до инвестиции и фондови, но средствата ќе се ослободуваат ако има напредок во реформите. ЕУ веќе мобилизираше 16 милијарди евра за инвестиции во регионот.

Урсула фон дер Лајен, Еди Рама
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на Самитот на Берлинскиот процес во Тирана презентираше нов план за раст.Фотографија: Albania, Press Office of the Prime Minister
Духовите од минатото да не пречат на иднината

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, потенцираше дека патувањето на земјите од Западен Балкан кон ЕУ е бавно, што е разочарувачки и за земјите, но и за ЕУ. „Сега сите знаеме дека е време да испорачате, а ние да го исполниме нашето ветување. Знаете дека треба посветеност почнувајќи со реформите, а ние во ЕУ да се подготвиме за нови членки. Мора да бидеме подготвени до 2030 година за проширување“, рече Мишел.

Тој потсетувајќи на изјава на албанскиот премиер Еди Рама рече: „Знам дека Еди го спореди со невестата која никогаш не доаѓа на свадба, но ние ќе ја направиме оваа свадба. Нашиот план е сериозен за иднината на ЕУ. Не дозволувајте духовите од минатото да ви пречат во вашата иднина“.

Германскиот канцелар Олаф Шолц порача дека секој напредок што ќе го направат земјите на заедничкиот регионален пазар значително ќе го донесе блиску до ЕУ.

Олаф Шолц
Германскиот канцелар Олаф Шолц порача дека секој напредок што ќе го направат земјите на заедничкиот регионален пазар значително ќе го донесе блиску до ЕУ.Фотографија: Albania Prime Minister Press Office
Придобивки

Премиерот Димитар Ковачевски, во рамки на Самитот на лидери на Берлински процес, учествуваше на работната сесија посветена на интегрирање на Западен Балкан во единствениот пазар и подобрување на конвергенцијата со ЕУ.Ковачевски ја потенцираше важноста на реформскиот процес на земјите од Западен Балкан, со што ќе се забрза економскиот раст, ќе биде поддршка за конкурентноста, а тоа ќе значи можност за отворање на нови компании и нови работни места. На состанокот беше истакнато дека клучно за напредок на регионот е и владеењето на правото, спречувањето на корупцијата и доброто владеење, со кои структурни реформи ќе се забрза и приближувањето на регионот кон Европската Унија.

На првата пленарна сесија од Берлинскиот процес, земјите членки на ЕУ ставија акцент и на важноста на проширувањето на Унијата. Учесниците на сесијата дискутираа за Берлинскиот процес кој има клучна улога како двигател на регионалната соработка и забрзувач на интегративниот процес за ЕУ.

Ковачевски имаше работна средба и со Комесарот за соседска политика и проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји, на која се дискутираше и за Планот за раст на Европската комисија, кој што е оценет како добра шанса за Северна Македонија. „Македонските граѓани со овој план ќе почувствуваат дел од придобивките од членството во ЕУ уште пред да станеме членка. Со овој план сме поблиску до целта, членство на Северна Македонија во ЕУ до 2030 година“, се вели во владиното соопштение.

На средбата премиерот Ковачевски истакна дека фокусот на Владата е насочен кон перспективата за членство во ЕУ и дека Владата останува посветена на европската агенда, имајќи го предвид фактот дека за членството во ЕУ има висока поддршка од граѓаните. Соговорниците изразија надеж дека сите политички чинители ќе ја имаат предвид неповторливата шанса за придвижување на земјата напред и ќе го исполнат барањето на граѓаните, земјата да стане полноправна членка на ЕУ.

Извор: ДВ

Related posts

КУРТИ ЗА РСЕ: ПРЕДУПРЕДЕНИ СМЕ ЗА МОЖНОСТА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНАТА ПОДДРШКА

ninja

Путин им нареди на руските сили за нуклеарно одвраќање да бидат во состојба на подготвеност

ninja

Агелер: САД ќе го прозива секој кој ќе ја загрози демократијата во РСМ

admin

РУСИЈА ГИ ОБВИНУВА САД ЗА „ИНДИРЕКТНА ВОЈНА“

ninja

ПОДКАСТ: Што мисли младината за своите партиски сениори? (ВИДЕО)

admin

Корупцијата ја уназадува дигитализацијата на јавната администрација

admin