22.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Се „гуши“ ли Скопје од трговски центри среде беспарица и бетон

Граѓаните поделени, едни сметаат дека е добро што сите близу имаат голем мол за пазарување, други прашуваат кој ќе купува во сите нив, трети дека Скопје личи на Лас Вегас. Економистите со кои разговаравме велат на Скопје повеќе му треба саем, но на крај победува интересот на самиот инвеститор.

Скопје нема саем, министерскиот состанок на ОБСЕ ќе биде во спортска сала, таму се одржуваат и концерти, театрите кои се монтажни објекти се распаѓаат, паркови има се помалку… но отворањето големи трговски центри е тренд во Северна Македонија, особено во главниот град. Последниве години само во Скопје се отворија и наскоро ќе се отворат уште нови модерни молови. Се проценува дека поголемите молови вкупно зафаќаат површина од 100.000 квадратни метри, што е простор поголем од 15 спортски терени, или речиси иста квадратура колку 30 „Филхармонии“ или педесетина театри како МНТ.

Сликата деновиве ја надополнуваат градежните реони во кои стотици работници брзаат да ги запазат роковите за сечење на лентата, а зад нив наѕираат нови архитектонски решенија со стотици продавници и ресторани и само по некој нов бренд.

Наспроти тоа, на десетина локации во Скопје и на уште толку низ државата зјаат полупразни старите молови како Градскиот трговски центар, ТЦ Кисела Вода, Скопјанка… Се повеќе дуќани се со катанец на врата или со натпис „се издава/продава“.

 

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Related posts

ПЛЕНКОВИЌ СМЕТА ДЕКА МИЛАНОВИЌ ГО УРИВА НАДВОРЕШНОПОЛИТИЧКИОТ КРЕДИБИЛИТЕТ НА ХРВАТСКА

ninja

Бојкоти против високите цени се шират низ Балканот

admin

Меџити: Не сме се самоисклучиле од ДУИ, партијата е заробена од узурпатори

admin

Алексеј Навални пронајден мртов во затворот

admin

СДСМ: АНБ веднаш да ги декласифицира документите за „аферата со прислушкување“

admin

ЕУ воведе санкции за уште шест лица поради руски хибридни закани

admin