2.8 C
Скопје
30 ноември, 2023
Inbox7.mk
СТАВ

Канал 5 и популарната „Само вистина“ тоа не го заслужија 

Пишува: Зоран Иванов

Не бев директен сведок пред ТВ екранот, но според одгласите и видео парчињата што вечерва веднаш по популарната дебатна и полемична емисија ги преплавија социјалните мрежи, “терористичкиот“ упад на телевизискиот директор, кажано во оваа една реченица, беше негово менаџерско фијаско, непримерен упад во автономноста на конкретната емисија и, притоа, неговиот обид да го заштити водителот, го сведе на „мечкина услуга“ зашто младиот и сепак искусен новинар, во мал милион идентични водителски и домаќински ситуации досега, пред своите соговорници и пред телевизискиот аудиториум, докажал дека умее да се справува со „немирните“ гости иако овој пат и тој подлегна пред авторитетот на својот актуелен претпоставен и, сето, наспроти нивната недвосмислена обврска по секоја цена да го испочитуваат својот гостин колку, според нивниот суд, тој и да направил некаков непримерен вербален “деликт“, попрецизно, не само гостинот туку да ја испочитуваат и да и’ дозволат и на јавноста, на гледачите, таа и тие, да го донесат судот за причината која ги вознемирила домаќините зашто, ако ништо друго, Канал 5 и популарната „Само вистина“, вечерва тоа не го заслужија.

Related posts

#MeKryeministrin

admin

Милеј, поуките од неговата победа

admin

Провладини апологети со анатема за БРИКС

admin

Херои и убијци

admin

На патот кон ЕУ: Поставени се здрави фундаменти во јавните финансии и функционална пазарна економија

admin

Буџетот за 2024 година: Високи капитални расходи, натамошно намалување на дефицитот

admin