10.8 C
Скопје
20 октомври, 2026
Inbox7.mk
АНАЛИЗА

Попова Шапка е туристички центар, не е свето место

Пишува: Џелал Незири

Поставувањето на крст во Попова Шапка уште еднаш ги влоши меѓурелигиските и меѓупартиските односи. Наместо да се отвори дебатата за модернизација на овој туристички центар, значаен за економијата на Тетово и државата, енергијата се насочува кон теми кои во суштина се парадоксални.

Верските објекти треба да се градат во согласност со потребите на верниците, а не за политички цели. Нашата земја е рекордер по култни објекти. Се создава впечаток дека има повеќе верски објекти отколку верници. Во 2014 година биле изброени 1.952 цркви и 580 џамии. Овој број денес е поголем за најмалку илјада нови објекти.

Според резултатите од истражувањето на фондацијата „Конрад Аденауер“ во 2013 година, 74,2 отсто од анкетираните граѓани од православна вероисповед сметаат дека во земјава има доволно цркви, додека 20,4 отсто сметаат дека има повеќе отколку што им е потребно. Од друга страна, 44,6 отсто од анкетираните муслимани сметаат дека има доволно џамии, додека 43,1 отсто се изјасниле дека има повеќе од потребното.

Но, крстот во Попова Шапка е ист како крстот изграден на Водно, Скопје во 2001 година. И двата објекти имаат повеќе политички отколку религиозни цели. За жал, во Северна Македонија долго време верските објекти се злоупотребуваат за обележување територија или за ширење на одредено влијание, кое често е злонамерно.

Државните институции имаат одговорност да го зачуваат секуларниот карактер на државата, но и да го модернизираат ски-центарот Попова Шапка. Верските заедници мора конечно да сфатат дека Попова Шапка е туристички центар, а не свето место. Целта на посетата на ова место е скијање и рекреација.

 

 

 

 

 

 

 

 

Related posts

Застојот на интеграциите – бугарските и албанските пасоши

admin

Балканските фрустрации за „европските брзини“

admin

Кога Европската унија конечно ќе ја покаже својата вистинска тежина во опасниот свет?

admin

Меката моќ на Србија во Северна Македонија станува се посилна

admin

Може ли надежта да се продава?

admin

Прислушување или јавна тајна

admin