2.8 C
Скопје
17 февруари, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

СДСМ, ДУИ и Алијанса на три ума за една предизборна листа

СДСМ и ДУИ се блиску до договор за настап на заеднички листи пред парламентарните избори, но конечен договор нема. Во дилема дали да им се придружи е и третата партија во владејачката коалиција, Алијанса за Албанците. Во опозицискиот блок ситуацијата е појасна. Извесни се двојни избори на 8 мај.

Почна лицитирањето меѓу партиите за тоа кој со кого би се здружил пред изборите напролет. Додека се поизвесно е дека на истиот датум, 8 мај, ќе се одржат и претседателски и парламентарни избори, а техничка влада би се формирала на 27 јануари, сепак уште се тактизира кои партии со заедничка листа ќе ја бараат довербата од гласачите.

Партиите се поделија во два блока – на едната страна се владејачките СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците кои навестуваат, но не кажуваат децидно дали би настапиле на заедничка листа на изборите за пратеници. На другата страна се опозициските партии на Албанците (Демократското движење на Изет Меџити, Беса на Билал Касами и Алтернатива на Африм Гаши) кои веќе е обединија под заедничкиот назив – Европски сојуз за промени и опозициската ВМРО-ДПМНЕ која настапува самостојно.

Заедничка листа на СДСМ и ДУИ и евентуално Алијанса би подразбирала дека на пример, во изборна единица број 6 (реонот на Тетово и Гостивар), носител на листата за пратеници би бил кадар на ДУИ. На второто место би бил кадар на Алијанса за Албанците (доколку остане во коалицијата) Третото место би било резервирано за СДСМ. Во изборните единици 3 и 4 (реоните на Штип, Велес, Струмица, Прилеп, Гевгелија) носител на листата би бил СДСМ, а подолу би биле местата за партиите на Албанците.

Колку таквите коалиции би биле успешни?

„Коалициите секогаш носат подобри шанси за да се стигне до посакуваниот број пратеници. Предизборните коалиции, особено оние надетничките, се покажале успешни за партиите на локалните и претседателските избори. Освен коалицијата СДСМ-БЕСА на изборите во 2020 година, досега немаше друг случај на коалиции потпрени на граѓанскиот концепт. Ако се случи коалиција меѓу СДСМ, ДУИ и АА, тогаш ќе биде втора надетничка соработка пред изборите, која би имала шанси да го добие потребното парламентарно мнозинство. Коалициите се особено важни за нашиот изборен систем, кој ги фаворизира“, вели аналитичарот Џелал Незири за РСЕ.

Според него, ако коалициите се познати уште пред избори, „граѓаните би биле поштедени од празни фолклористички кампањи, каде наместо за конкретни проекти се троши енергија за докажување кој е најголем патриот или кој е најголем предавник.

Целата анализа на РСЕ прочитајте ја ТУКА

Related posts

Османи тужен, но не се појави на рочиштето

admin

Претставник на Стејт департментот поднесе оставка политиката на Бајден за војната меѓу Израел и Газа

admin

САД И ЕУ ПРЕДУПРЕДИЈА НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ДОКОЛКУ КИНА ОБЕЗБЕДИ ПОМОШ ЗА РУСИЈА

ninja

Видео од Украина се користи за да се прикаже употреба на фосфорни бомби во Газа, во „игра“ и видео од игри

admin

Путин им нареди на руските сили за нуклеарно одвраќање да бидат во состојба на подготвеност

ninja

Хамас вели дека е подготвен на долга војна со Израел

admin