9.8 C
Скопје
5 март, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Скопје – два дена центар на светот

Она што на Министерскиот совет на ОБСЕ му дава посебен белег, е што на него ќе присуствуваат и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

 

Затворени централни улици, попладне и утре без настава и без работа на државната и јавна администрација и високи безбедносни мерки за пречек на околу 1.000 гости, се дел од финалните подготовки пред Министерскиот совет на ОБСЕ, кој утре официјално ќе започне во адаптираната спортска сала „Борис Трајковски“ во Скопје. Шефот на дипломатијата, Бујар Османи, Министерскиот совет на ОБСЕ веќе го дефинираше како најголем настан во државата од осамостојувањето, и по димензии и по суштина, а Скопје како центар на светот во деновите не неговото одржување.

Она што на состанокот му дава посебен белег, е што на него ќе присуствуваат и американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, и шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, иако нема најава дека во Скопје би имало нивна заедничка средба.

Американскиот државен секретар Блинкен денеска од Брисел доаѓа во Скопје и попладне ќе има билатерална средба со министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој ќе присуствува и на работна вечера што на маргините на состанокот ќе биде приредена за шефовите на дипломатиите на државите-учеснички во ОБСЕ.

„За време на посетата на Северна Македонија, секретарот Блинкен ќе се ангажира со колегите од ОБСЕ, реафирмирајќи ја цврстата посветеност на САД кон ОБСЕ и нејзината основна мисија за унапредување на безбедноста, стабилноста и соработката меѓу државите, со посебен акцент на човековите права и мирното решавање на спорови. Секретарот Блинкен, исто така, ќе ја истакне клучната улога на ОБСЕ во унапредувањето на сеопфатната безбедност во регионот и ќе и се заблагодари на Северна Македонија за нејзината лидерска улога“, се неведува во најавата на Стејт департментот за посетата на Блинкен на РСМ.

Не треба да се пропушта можност за дијалог

Министерскиот совет на ОБСЕ се одржува во време на ниско ниво на доверба помеѓу земјите учеснички во Организација, што е предизвикано најмногу од руската агресија во Украина, но и од руската блокада на кандидатурата на Естонија за претседавач со ОБСЕ. На состанокот во Скопје се очекуваат одлуки за изборот на претседавач со ОБСЕ за 2024 година, за што на подготвителниот состанок во Виена е постигнат договор тоа да биде Малта, а треба да се донесат одлуки за буџетот и за кадровски именувања во институциите на Организацијата.

Но, отвореното небо за доаѓање на Лавров веќе предизвика незадоволство. Вчера во Скопје протестираше Здружението на Украинци во РСМ „Лесја Украинка“, со став дека токму такви членки како што е Руската Федерација ги доведуваат во прашање угледот и иднината на ОБСЕ. Претходно делегацијата на Украина соопшти дека нема да учествува на средбата на ОБСЕ во Скопје на ниво на министер за надворешни работи, а министрите за надворешни работи на Естонија, Летонија и Литванија во заедничка изјава соопштија дека ќе го бојкотираат Министерскиот совет на ОБСЕ доколку на него присуствува и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Поранешниот амбасадор Тихомир Илиевски вели дека неговата искуствена оценка врз основа на професионалното политичко и дипломатско искуство, во прв момент води кон солидаризација со ставот на Украина и трите балтички земји, но сепак смета дека е поважно да се искористи можноста за дијалог.

„Ако повнимателно се проанализираат можностите што ги нуди овој врвен мултилатерален собир во Скопје, тогаш човек се ближи до заклучок дека таквата можност за отворен дијалог на светската демократска и прогресивна заедница, не треба да се пропушти. Може да звучи многу силно и аргументирано искажаниот став на земјите што ќе учествуваат на министерската средба за сите актуелни, горливи, па и спорни прашања што ја оптоваруваат меѓународната заедница во овие исклучително тешки години по руската инвазија врз Украина! И конечно, да не заборавиме на можноста, јасните политички пораки на отворена сцена да се пренесат во присуство на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, како и на билатералните средби со шефот на американската дипломатија“, вели Илиевски за ДВ.

Поранешниот амбасадор во НАТО, Нано Ружин, ја посочува важноста на ОБСЕ како персонификација за мировна соработка во функција на безбедноста, а особено во контекст на актуелните настани.

„Геополитичката еволуција на односот на силите во Украина, војната во Газа, кинеско-американските средби на највисоко ниво, доцнењето на американската финансика помош кон Украина, двоумењето на дел од членките на ЕУ околу овие светски жаришта, во преден план ја истакнаа дипломатијата и дипломатските преговори помеѓу завојуваните страни“, вели Ружин.

Според него, ставот на трите балтички држави и Украина е порака, дека тие држави освен што ја бојкотираат Русија на Путин, немаат намера во овој момент да прифатат дипломатски мировни преговори со Русија околу војната во Украина.

„Интересно е што Полска не го следеше овој пример, иако е најголемиот сојузник на Украина“, забележува Ружин.

Усогласено со ЕУ

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, вчера се воздржа од директен одговор на прашањето – дали смета дека е соодветно Лавров да отпатува во земја-членка на НАТО.

„НАТО-сојузниците како поединечни земји се членки на ОБСЕ. На ОБСЕ е да ги организира своите состаноци. Немам некаков совет да дадам на организаторите. Моја одговорност е да ги организирам состаноците на НАТО, а ОБСЕ да ги организира своите“, рече Столтенберг на прес-конференцијата по состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО.

По состанокот, и шефицата на бугарската дипломатија, Марија Габриел, одговори на прашања на бугарски медиуми околу дозволата за прелет на руската делегација преку бугарска територија.

„Софија никогаш не би си дозволила да даде дозвола за прелет на руската делегација за состанокот на ОБСЕ во Скопје, без да има јасна претстава за составот на делегацијата. Дозволата е привремена, само за средбата во Скопје, која е исклучително важна доколку сакаме да зборуваме за иднината на ОБСЕ“, изјавила Габриел, објаснувајќи дека бугарската одлука е усогласена со ЕУ.

Таа истакнала дека во делегацијата првично имало претставници кои морале да бидат исклучени, поради нивното присуство на списоците за санкции на ЕУ.

 

Извор: ДВ

Related posts

Таравари за Топ Чанел: Албанците во С.Македонија продолжуваат да бидат дискриминирани

admin

Груби и Рустеми ја притискаат кинеската „Синохидро“, патот Кичево-Охрид да заврши до крај на 2023 година

admin

Пендаровски одби помилување за Јанева, Кочан и Панчевски

admin

Груби: Мицковски е против Албанците, нема проблем да ги изгласа уставните измени

admin

Мицкоски: Треба да се знае дека не одлучува Ахмети дали ДУИ ќе ја напушти владата

admin

Дали е голема неправда работниците со 200 евра, а функсионерите со 2000 евра плата?

admin