11.8 C
Скопје
15 јуни, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Агелер не кажува дали и Заев ќе биде дел од „црната листа“: Има епидемија на корупција во оваа земја

Причините за назначувањето на Кочо Анѓушев на американската „црна листа“ се многубројни и се за вмешаност во повеќе случаи на корупција – амбасадорката на САД во земјава денеска на брифинг за новинари објаснуваше зошто ексвицепремиерот за економски прашања од минатата недела се најде на овој список. Притоа, Анџела Агелер на навлегуваше во детали за конкретните случаи за кои американската администрација има докази за коруптивни дејства на еден од најбогатите македонски граѓани.

„Има разни аспекти во кои не можам да навлегувам поради приватност зашто приватноста ја земаме во предвид дури и за лица кои ги санкционираме. Сум чула како луѓе велат – зошто него, поточно еден новинар ме праша зошто Кочо, тој е фин човек….? Пак ќе кажам има многу докази за бројни случаи така што не е само оф еднаш се лизнав. Мислам дека вие тоа го знаете, сте виделе многу, многу случаи и многу инстанци. Станува збор за прашање на отчетност, да се биде одговорен за своите чекори. Не можам да навлегувам во специфики, законски не ми е дозволено.“, изјави Анџела Агелер, амбасадорка на САД во Скопје.

На Анѓушев и неговото семејство им е забрането да патуваат во САД, но тоа, барем засега, не значи дека не може да има бизниз во Америка или бизнис-односи со американски компании.

Анѓушев уште минатата седмица најави дека ќе се жали на ваквиот чекор на американската администрација.

„Мислам дека веќе поднесе жалба, можете да најмите адвокати во САД. Сме виделе лица кои во минатото сме ги санкционирале во земјава, во светот, низ регионот многу санкционирани официјални претставници кои имаат тимови адвокати во САД кои се обидфуваат да се спротивстават на назначувањето. Негово право е да најми адвокати во САД и да се обиде да промени одлуката, но, како што кажав, оваа работа не е нешто што се зема туку така, таа одлука е донесена по разгледување на значителни докази и пак – слобода на говор, може да кажете што сакате, да ги најмите кои сакате адвокати и тоа од него зависи. Јас не би се обложувала на тоа.“, изјави Анџела Агелер, амбасадорка на САД во Скопје.

Дали ставањето на Анѓушев кој важи за човек близок и до поранешниот премиер Заев, но исто така и до опозицијата, е некаков сигнал за тоа кој би можел да биде следниот на списокот? – Агелер не одговори на ова прашање.

„Можам да ви ветам дека има и други лица чии случаи се процесуираат во Вашингтон. Не сакам да шпекулирам кога тие ќе бидат објавени, но ви ветувам дека ова не беше последното име.“, изјави Анџела Агелер, амбасадорка на САД во Скопје.

Што, со шпекулациите за Зоран Заев? Меѓу нас зборувавме дека можеби тој е наредниот?

И?

Вие, кажете ни. Тој беше споменат во еден од документите.

„Да, беше во смисла на бизнисменот од Црна Гора.“

За кој Заев зборуваме, Зоран или некој друг?

„Нема да ви дадам други информации за тоа кого разгледуваме. Нотиравме дека сознанието со кого соработувате може да влијае врз вас и врз вашето семејство.“, изјави Анџела Агелер, амбасадорка на САД во Скопје.

Во изминатиот период, покрај Анѓушев, на „црната листа“ на САД се најдоа уште неколкумина вископрофилирани политичари и бизнисмени како струшкиот градоначалник Рамиз Мерко и контроверзниот бизнисмен Орце Камчев. Ваквите чекори, како што вели Агелер, се начин за Вашингтон да помогне во борбата против корупцијата.

„Има епидемија на корупција во оваа земја и го има зафатено секој сектор, секоја организација и само преку повикување (укажување) на корумпираните актери можеме да почнеме со помагање за земјата да се справи со тие прашања.“, изјави Анџела Агелер, амбасадорка на САД во Скопје.

„Обесхрабрувачи е зато што, особено во последната декада, видовме значајно зголемување на корупцијата во оваа земја. Што може САД да направат? Работевме на обука на мнозинството судии во земјава, на мнозинството обвинители и други лица кои се дел од судството и како реков немаше некој голем поврат на инвестицијата.“, изјави Анџела Агелер, амбасадорка на САД во Скопје.

Од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Вашингтон и Скопје, САД дале околу половина милијарда долари во добро владеење и владеење на правото – области во кои Северна Македонија не успева да покаже континуиран напредок.

Related posts

Лога ја отвори Пандорината кутија а бугарските здруженија со пропаганда за „олеснување “ на чекорите до бугарски пасош

admin

“Во борбата со дезинформациите нема подобар одговор од транспарентноста и вистината”

admin

Извештај на ЕК: Поларизацијата ги парализира институциите

admin

Кочо Анѓушев стaвен во црната листа на САД

admin

Нови законски измени за распуштање на Судскиот совет, преседан за злоупотреба од секоја идна власт

admin

Независните кандидати „исфрлени од игра“ за изборите

admin