33.8 C
Скопје
16 јули, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

КАКВА ЌЕ БИДЕ 2024 ГОДИНА?

Кој и да победи на претстојните парламентарни избори, сметам дека ќе ги донесе уставните измени, што ќе биде поразително на долг рок. Ќе се гледа дека ќе имаме изгубено многу време, кое сме можеле да го инвестираме многу попаметно во многу реформи, вели Димитар Николовски од „Евротинк“.

Последниот извештај на ЕК, за напредокот на Северна Македонија, во кој беа наведени серија критики, е силна шлаканица за земјата, иако може да се забележи дека нема уназадување, туку само стагнација вели Димитар Николовски, извршен директор на Центарот за европски стратегии, „Евротинк“.

„За разлика од тоа дека нашата Влада најмногу става акцент на европските интеграции, гледаме дека многу малку има напреднато, или има стагнирано, би рекол дека тоа не е охрабрувачки сигнал од ЕУ“, вели Николовски.

Извештајот е одраз на реалноста во државата. Тоа што треба да се направи е политичките субјекти да ги спроведат неопходните реформи, а не да постои само декларативна заложба за тоа, вели универзитетскиот професор по политички науки, Горан Шибаковски.

„Светот се промени последните години од пандемијата па навака. Така да многу работи кои зависат, не зависат само од нас. Но влијаат тука и геополитичките фактори на развојот на регионот. Но сметам дека доколку постои консензус меѓу политичките фактори, позицијата и опозицијата, понатака да соработуваат, може многу да се подобриме во иднина“, посочува Шибаковски.

 

На прашањето, колку сето ова ја намалува шансата земјата да стане членка на ЕУ, до проектираниот датум, 2030 година, Николовски и Шибаковски велат.

„Не би рекол дека тоа ги намалува шансите, може повторно да се фати тој тренд или колосек за напредок. Секако приоритет се уставните измени да се донесат. Мислам дека тие се многу поголема опасност за оваа дата 2030-та да се пропушти, отколку во овој момент овој извештај како изгледа“, вели Николовски.

 

„Домашната работа ние да си ја завршиме, а понатака како ќе се одвиваат тековите добро е да постои една водилка, како еден датум да се подобриме до 2030-та година. Тоа е далеку од сега, но е добро да започнеме да ги вршиме нашите реформи, кои ќе придонесат кон подобрување на целото општество“, укажува Шибаковски.

Николовски пак смета дека и при евентуалната промена на власта, после парламентарни избори, таа ќе биде принудена да ги донесе уставните измени.

„Апсолутно сум сигурен дека ќе ги донесе уставните измени, што ќе биде поразително на долг рок. Ќе се гледа дека ќе имаме изгубено многу време, кое сме можеле да го инвестирано многу попаметно во многу реформи. Сметате ли дека и Албанија во оваа ситуација ќе ја претрка Македонија? Па тоа е можно, но мислам дека со оглед на институционалната поставеност сме во ситуација да ги стигнеме и малку ако не престигнат“, вели Николовски.

Во овој момент државата треба да се сконцентрира многу повеќе да се врати на реформите внатре во институциите и во самата администрација, велат нашите соговорници./voa

Related posts

Русија ги повикува останатите земји да ја признаат независноста на Доњецк и Луганск

ninja

Струјата може да поскапи 13 проценти

admin

САД го предупреди Иран: Војната Израел-Хамас да не прерасне во регионален конфликт

admin

Битка за статус кво или битка за промени

admin

Средба Пендаровски-Агелер, во фокус – евроинтергацискиот процес

admin

Уставни измени, стратешки инвестиции и пакет реформи во наследство на новото Собрание

admin