20.8 C
Скопје
15 септември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Нема заеднички јазик за јазикот во Чашка – политиката ги затвори училниците

Родители протестираат, ученици бојкотираат и три недели нема настава во ОУ „Тодор Јанев“ во мултиетничката општина Чашка. Протестот е поради отворање паралелка на албански јазик во училиштето со настава на македонски јазик. Дали преку учениците се „ора“ теренот за лов на гласови за следните избори?

Мислев за лошите резултати од ПИСА е револтот, а тие за јазикот се бунтувале, иронично коментира граѓанин за протестот во ОУ „Тодор Јанев“ во мултиетничката општина Чашка близу Велес каде учениците три недели не одат на настава откако беше воведена паралелка на албански јазик за пет првачиња.

Бојкотот на наставата не е поради поразителните резултати од ПИСА (тестирање што го мереше знаењето на 15-годишници од 81 светска држава) и кое покажа дека нашите ученици се меѓу оние со најлоши резултати во читање, математика и природни науки.

Според соговорниците на Радио Слободна Европа (РСЕ), не е ни поради јазикот на кој од годинава почнаа да учат новозапишаните првачиња во основното училиште во населба Чашка. Според нив, зад сето ова стои – политика.

Се ора теренот за локални избори?

Министерството за образование и наука(МОН) соопшти дека во ОУ „Тодор Јанев“ во Чашка е постапено според барањата на дел од жителите откако сите останати услови се исполнети (простор и пари) и се отвора паралелка на албански наставен јазик.

„Непотребно е мешањето на политиката во овој и слични случаи, затоа што со тоа се наштетува на најдобрите интереси на младите, да имаат квалитетно образование достапно на својот мајчин јазик“, соопштија од МОН.

Целиот текст е достапен ТУКА 

Related posts

Османи му одговара на Мицкоски по обвинувањата дека “се редефинира државата”

admin

Сликите на косовски борци на УЧК доминираат во Музејот во Сопот претставен дека е во чест на селаните убиени во 1944 година

admin

ГЕРМАНСКО-ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ, НАВОДНО, ГАРАНТИРА ЕДНАКВИ ПРАВА НА СРБИЈА И НА КОСОВО

ninja

СРС го прогласува шампионот за регионална соработка за 2023

admin

Пендаровски ја советува Владата да не брза со уставните измени

ninja

Бајден вети дека САД и сојузниците „нема да се поколебаат“ во одбрана на Украина

admin