15.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Половина нација пушачи, законот никој не го есапи

Северна Македонија е меѓу најпушачките нации во Европа, со алармантен раст на карциноми на бели дробови. Пушењето е дел од културата, но и од проблемите на здравството и економијата. Министерот за здравство најавува нови мерки за контрола, додека угостителите и пушачите се противат.

„Бројот на карциноми на бели дробови нѝе во подем. Статистички нема месец да немаме нов пациент во ординација. Доаѓаат луѓе пушачи со рак на бели дробови, а живеат на планински места каде нема никакво загадување на воздухот“, вели за РСЕ д-р Лилија Чолакова Дервишова – претседателка на Здружението на матични лекари.

Цигарата е неразделен дел од животот на многу македонски граѓани. На шеталишта или автобуска станица, во близина на игралишта за деца или во паркови – како да не се одбира место каде се пали цигара. Иако во многу земји на овие места пушењето е забрането, во земјава се пуши скоро насекаде, а бројот на пушачи расте.

Освен тутунот во цигари или пури, се попопуларни особено меѓу младите, стануваат електронските цигари – уредите што загреваат течност со никотин и несогорливиот тутун кој се користи со посебни електронски уреди.

Целиот текст е достапен ТУКА

Related posts

Пет земји на удар на Иран: Американските бази под напад, Ормут се празни

admin

Санкциите на ЕУ до страотен резултат: Увозот на нафта од Русија падна за 90 отсто

admin

Бразил го одби новиот израелски амбасадор, Тел Авив го прогласи Лула за „персона нон грата“

admin

СРБИЈА РЕАГИРА НА ТЕНЗИИТЕ ВО КОСОВО

ninja

Села бара ново уставно уредување, Мицкоски го испрати „во минатото“

admin

Додик осуден на една година затвор и шестгодишна политичка забрана

admin