14.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Села бара ново уставно уредување, Мицкоски го испрати „во минатото“

Лидерот на едното крило на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, повторно повика на ново уставно уредување на државата и оцени дека Северна Македонија треба да биде бинационална држава, додека премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли овие иницијативи, нарекувајќи ги „политика од минатото“.

Во интервју за „24 анализа“, Села изјави дека бинационалниот концепт ја одразува „демографската реалност“ во државата.

Тој додаде дека забелешките на Венецијанската комисија за Законот за употреба на јазиците не се обврзувачки и дека законот треба целосно да се спроведува во сите институции.

Села најави и иницијатива за средба на албанските политички партии во земјата, доколку таков состанок не организираат ДУИ или коалицијата ВЛЕН.

Според него, лидерите на албанските партии треба да усогласат заеднички позиции околу евроинтеграциите, статусот на албанскиот јазик и изборниот модел.

Премиерот Мицкоски, запрашан за барањата на Села, избегна директен одговор за бинационалноста, Бадентеровиот принцип и уставните измени.

„Денот е убав, гледате тука нема ни Бадентер ни Уставен суд, тука има многу убава енергија. Оставете ги политичарите од минатото во минатото“, изјави Мицкоски.

Претходно, премиерот изјави дека во моментов нема напредок во разговорите за евентуално приклучување на Села и неговото крило на Алијанса за Албанците кон владината коалиција.

Во меѓувреме, еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити, најави дека по формализирањето на коалицијата ќе следува реконструкција на Владата, но без да открие детали за можни кадровски или ресорски промени.

Политичките дебати околу уставните измени, статусот на албанскиот јазик и моделот на уредување на државата повторно се интензивираат во период кога евроинтегративниот процес останува блокиран поради спорот со Бугарија и потребата од уставни измени.

Related posts

Кочанчанец се врза на бандера во Скопје, бара поддршка за повредените од трагедијата во дискотеката „Пулс“

admin

Сертификатот од Кембриџ е безвреден само во партиските назначувања

admin

Агелер: Да се заврши Грчко-македонскиот гасовод за независност од Русија

admin

Бејта се врати кај Ахмети, заедно во Горно-рекански средби

admin

Од судир со Трамп до прегратка со Макрон: Нов пресврт во европската политика

admin

Македонија е првата земја што добива претфинансирање според Планот за раст

admin