8 декември 2023Талат Џафери ќе ја предводи техничката влада во периодот до пред парламентарните и претседателските избори, одлучи раководството на неговата матична партија- ДУИ. Одлуката ја соопшти Бујар Османи преку Фејсбук.
Наместо натпартиски премиер, ДУИ за во последните 100 дена на чело на Владата го предложи Талат Џафери, актуелниот претседател на Собранието и партиски функционер од самото основање на овој политички субјект во 2002 година.
На последните парламентарни избори во 2002 година, ДУИ излезе со слоганот “Премиер Албанец – зошто не”, ветувајќи дека формирањето на идната влада ќе биде условена токму со главната владина фотеља. Оваа ветување излезе како одговор на ветувањето на СДСМ дека ќе формира влада без ДУИ и дека време е оваа партија, по скоро две децении власт, да замине во опозиција.
Како натпартиски шпицен-кандидат беше номиниран Насер Зибери, бивш пратеник и министер на ПДП, кој во тој момент беше политички неактивен.
После изборите Зибери беше избран за Народен правобранител, додека ДУИ направи компромис со СДСМ – од цел мандат на влада водена од премиер етнички Албанец во само 100 дена.
Според информации на ДВ од извори во СДСМ, единствениот услов во разговорите на таа тема, бил личноста што ДУИ ќе ја предложи за премиер во последните сто дена од мандатот на Владата – да биде прифатлива и за СДСМ.
Во јавноста долго се шпекулираше со имињата на можните кандидати на ДУИ за функцијата, но името на Талат Џафери почна да се врти во политичките кулоари дури во последниот период.
Неговото именување за технички премиер значи дека тој ќе ја напушти челната функција во парламентот, а кој ќе го наследи останува отворено прашање.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бараше напуштање на концептот на „пржинска влада“, а нејзиниот лидер Христијан Мицкоски отворено соопшти дека партијата сака да спречи да биде избран премиер Албанец.