14.8 C
Скопје
6 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Игнорирани критики за европското знаменце

Претседателот Пендаровски пред две недели изрази надеж дека Владата нема да ги турка измените на Законот за игри на среќа со европско знаменце, но таа пракса остана непроменета.

Измените на Законот за игри на среќа и за забавни игри со европско знаменце и без расправа вчера поминаа во прво читање на пленарна седница на Собранието, со 48 гласа „за“ и осум „против“. Поддршка за измените дале пратеници на СДСМ и коалицијата, пратениците на ДУИ, а против гласале пратениците на Алијанса за Албанците.

Овој предлог со месеци го привлекува вниманието на јавноста поради измените кои ги предвидува, на кои се спротивствуваат Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) и Асоцијацијата за спортски обложувалници (АСОМ). Обвинуваат дека на еден рестриктивен и нелогичен закон за лиценцираните приредувачи, тајно и на мала врата се отвораат бизниси и онлјан платформи со странски партнери, поврзани со сомнежи за политички влијанија и лични бизнис интереси.

Според предлог-измените, просториите во кои се приредуваат игрите на среќа (кладилници и обложувалници) ќе треба да бидат оддалечени од училиштата не помалку од 500 метри. Меѓу целите на предложените измени, од Владата ја посочуваа потребата од зајакнување на доказите потребни за издавање лиценци, прецизирање дека едно трговско друштво со една лиценца приредува еден вид игра на среќа, а предвидено е и зголемување на надоместоците за издавање лиценци за игри на среќа.

Целиот текст е достапен ТУКА

Related posts

Дали Ковачевски прифаќа влада без ДУИ?

admin

Трансфер на Кумановската група од Диво Насеље во Косово нема засега – потврди Министерството за правда

admin

Алијанса за Албанците негира дека преговара за влез во Владата

ninja

Неочекуван потег: Мишел ќе се кандидира за европратеник

admin

На Итната медицинска помош, итно ѝ требаат нови кадри: Бројот на тимови опаѓа, потребни се 52 нови

admin

Главоболки за Путин: Индија не купува повеќе руска нафта

admin