24.8 C
Скопје
20 мај, 2024
Inbox7.mk
АНАЛИЗА

УБИСТВЕНА АЛЧНОСТ

Пишува: Џелал Незири

Свирепото убиство на 14-годишната Вања од Скопје не потсетува до каде може да оди човечката суровост. Заедно со Вања, ладнокрвно убиена со куршум во главата, пронајден е закопан и 74-годишен старец. Двете жртви биле убиени поради алчност од група од 5 лица.

Еден од осомничените, Љупчо Палевски, се смета дека е лидер на политичката партија „Десна“ и човек поврзан со медиумите. Од исчезнувањето на девојчето пред една недела, овој човек секојдневно пишува статуси на Фејсбук, коментира за средбата Бајден-Џипинг, за самитот на ОБСЕ, за политичката ситуација во земјата… Учествувал во две емисии и продуцирал три подкасти. Можеби анонимно, користејќи ги врските со медиумите, шири и дезинформации за локацијата на малолетната, па дури и за етничката припадност на киднаперите. Сето тоа во период кога земјата и регионот ја бараа младата девојка, која стана плен на група чудовишта.

За настанот да биде уште пошокантен, соучесник на киднапирањето бил таткото на девојчето. Целта била да изнудат пари од нејзината мајка. Сценарио кое не е видено ниту во најстрашните холивудски филмови.

Во време кога парите се сè и во општество лишено од речиси сите човечки вредности, овие случаи не треба да бидат неочекувани. Пред неколку дена јавноста беше шокирана од убиството на 30-годишната Лиридона од Приштина, испланирано од нејзиниот сопруг за потоа да ги повлече парите од нејзиното животно осигурување во Шведска. Таткото го организира убиството на мајката на неговите две деца заради алчност или лична корист. Ужасно!

Во општествата каде парите се главната детерминанта на социјалниот статус, алчноста е главната движечка сила, а криминалот и корупцијата нормалност.

Related posts

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ЕФТИНА ХРАНА

admin

Со Западот или против него, уште еднаш

admin

Демократската тиранија

admin

„Триумфот“ на Русија на министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје

admin

Како ВМРО-ДПМНЕ (ќе) ги радикализира барањата на партиите на Албанците

admin

Зошто власта и опозицијата не можат да договорат изборни датуми?

admin