Скандали, сомнителни смртни случаи, нема лекови, хаос во здравствениот систем. Годината која измина ја обележа случајот „Онкологија“, скандал каков што до сега не се памети во здравството. Резимираме, дали освен лекарите, и пациентите се селат во странство поради лошиот здравствен систем.
Ликот на шестгодишната Јана Христовска од Битола која во март 2023 година почина во Клиничката болница во Битола, уште долго ќе предизвикува грутка в грло кај многумина. Случајот кој ја „зовре“ јавноста за да излезе на протести, обвинителството го заклучи со назнака „нема лекарска грешка“.
Утврди дека причина е инфаркт што го предизвикала пневмонија, а нејзината смрт немала причинско-последична врска сo примената инфузија како што се сомневаа родителите. На 22 март родителите ја однеле Јана во болница поради симптоми на настинка, од таму после два часа им кажале дека е почината. Семејството упорно обвинуваше за грешка во лекувањето, особено се сомневаа во оправданоста да и се даде инфузија со гликоза на покачен шеќер во крвта.
„Ја однесовме свесна и на нозе. Како можеше да дојде до смрт и срцев удар после примената инфузија“, се прашуваше Кристина Христовска, мајката на Јана.
„Не веруваме во системот“, рече таткото Стојче Христовски.
Радио Слободна Европа разговараше со мајката на Јана, која дека вели имаат уште едно двегодишно дете во кое сега ја гледаат целата надеж. Но, неговата иднина нема да биде во земјава.
Разочарани од огромната трагедија која ги снајде се иселиле во Австрија. Ја одбрале оваа земја бидејќи имаат роднини таму, но велат дека се надеваат и на подобар здравствен систем во кој би се лекувале доколку имаа потреба од тоа.
„Се иселивме најмногу поради здравството и недовербата во него. Веќе три месеци живееме во Австрија. Сестрата на мојот сопруг е тука и ни објасни дека во никој случај не може да се споредува овдешното здравство со она во Северна Македонија. Имам уште едно дете и не би се осудила да го однесам во болница ако се разболи, ќе го чував дома од страв“, вели Кристина Христовска, мајката на Јана.
Целиот текст прочитајте го ТУКА