3.8 C
Скопје
21 јануари, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Инфлацијата посилна од предизборното покачување на платите и пензиите

Со влегувањето во изборна година во која ќе се гласа на претседателски и парламентарни избори, власта се повеќе се фали дека платите растат, додека истовремено податоците на синдикатите покажуваат зголемување на потрошувачка кошничка на 56.522 денари за едно четиричлено семејство, јавува РСЕ. Сега месечните трошоци на едно семејство се зголемени за 13.359 денари во однос на декември 2022 година.

Оваа бројка ја доби Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) според нова методологија за пресметување на синдикалната потрошувачка кошничка. Новите пресметки покажуваат дека две минимални плати не се доволни за да се покријат основните месечни трошоци на едно семејство. Освен вработените, месечните примања не се доволни за голем број пензионери чии пензии не стигнуваат ниту за храна.

Мица Тодосовска е пензионерка која месецот го поминува со пензија од 14 илјади денари. Таа ни раскажа дека од минатиот месец добива плус 2.000 денари месечно како дел од деветтиот пакет економска помош на Владата. Таа помош ќе ја добива пет месеци.

„Тие пари добро ми дојдоа, да ми дадат уште толку добро ќе биде. Инаку и јас и мажот ми сме пензионери. Мојата пензија половина оди за сметки, половина за лекови. Ние пензионерите навистина живееме недостоинствен живот. Ние со нашите пензии само преживуваме“, вели таа.

Пензионерите и вработените во администрацијата повеќе од минатото лето наваму повеќе пати протестираа поради ниските плати и пензии, а незадоволството кај нив особено се зголеми откако функционерите своите плати ги зголемија за 78 отсто.

Related posts

ЕЛЕКТРОНСКИТЕ СМЕТКИ ЗА ВОДА ВО РАЦЕТЕ НА ФИРМА БЕЗ ИСКУСТВО

ninja

Меџити вели дека владата наскоро ќе брои над 80 пратеници

admin

Што не очекува во 2024 година?

admin

Се затвора најгледаната косовската телевизија, сопственик била македонска компанија

admin

Година на опасно живеење

admin

Судскиот совет лани не му најде „мана“, сега фатен на дело

admin