16.8 C
Скопје
18 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИСВЕТ

Тензиите на Црвеното Море погубни за глобалната економија

Ударите на американските и британските сили врз позициите на јеменските Хути дополнително ја влошија ситуацијата на Блискиот Исток, што ќе има и економски последици со оглед на тоа што Црвеното Море е една од главните трговски артерии во светот, јави РСЕ.

Преку оваа рута се транспортираат 12 отсто различни стоки на глобално ниво, вклучително нафта, како и 30 отсто од контејнерската стока: од делови за автомобили, до папучи Crocs во вредност од илјада милијарди долари годишно.

Продолженото затворање на водениот пат кој е поврзан со Суецкиот канал, може да ги загрози глобалните синџири на снабдување и да доведе до повисоки цени на различни производи во клучен момент во борбата со инфлацијата.

Премиите за осигурување се речиси двојно зголемени во последните денови. Шест од десетте најголеми компании за транспорт на контејнери: Maersk, MSC, Hapag-Lloyd, CMA CGM, ZIM и ONE – во голема мера или целосно го избегнуваат Црвеното Море поради заканата од милитантите Хути.

Maersk соопшти дека ќе ги избегне Црвеното Море и Суецкиот канал, пренасочувајќи товар во вредност од околу 200 милијарди долари.

Related posts

Битка за Романија: Центристот Дан го победи екстремниот десничар во избори обвиени со руска сенка

admin

УПОТРЕБАТА НА НОВАТА ТЕКНОЛОГИЈА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ

ninja

Африм Гаши хоспитализиран поради проблеми со дигестивниот систем, се третира медикаментозно

admin

Ненадејни прекини на електричната енергија го вратија фокусот врз улогата на ЕВН

admin

БУГАРИЈА НА ПАТ КОН ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ СИСТЕМ?

ninja

Помалите партии ја тресат власта, премиерот уверува дека има мнозинство

admin