19.1 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Стоилковиќ: ЕУ нѐ држи во ќорсокак – планот на Вучиќ е единствениот излез

Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, во вторникот изјави дека идејата на српскиот претседател Александар Вучиќ за заеднички влез на земјите од Западен Балкан во Европската Унија претставува излез од долгогодишниот ќорсокак во кој, како што рече, регионот е заглавен поради континуирани условувања и менување на критериумите.

„Предлогот за колективен прием на земјите од Западен Балкан во ЕУ би бил излез од оваа ситуација. Дури ни Србија не се движи брзо кон членство, а постојат земји-членки, како Хрватска, кои можат да поставуваат дополнителни барања, додека на другите им се наметнуваат услови што често одат под линијата на националното достоинство“, изјави Стоилковиќ за Euronews Srbija.

Осврнувајќи се на Преспанскиот договор, Стоилковиќ потсети дека бил меѓу оние кои му се спротивставиле и дека, според него, мнозинството граѓани на Македонија во тоа време го делеле истиот став. Тој рече дека иако земјата стана членка на НАТО, очекувањата дека тоа автоматски ќе го отвори патот кон Европската Унија не се оствариле.

„На граѓаните им беше ветено дека по уставните измени европската интеграција ќе продолжи без пречки. Наместо тоа, следуваа економски тешкотии и нови услови, особено од Бугарија, кои ги засегаат најчувствителните прашања – јазикот, историјата и националниот идентитет“, рече Стоилковиќ.

Тој додаде дека проблемот не е само во формалното внесување на Бугарите во Уставот, туку и во документите и нивните толкувања, за кои оцени дека го доведуваат во прашање постоењето на македонскиот јазик и нација, што, според него, ја поткопува довербата на граѓаните во европските ветувања.

Говорејќи за регионалните односи, Стоилковиќ оцени дека Македонија нема отворени прашања со Србија, што го нарече редок позитивен пример на Балканот. Тој додаде дека односите со Грција и Албанија се релативно стабилни, додека односите со Бугарија остануваат најпроблематични и оптоварени со политички тензии.

Според Стоилковиќ, без јасна и кредибилна европска перспектива, земјите од Западен Балкан ризикуваат да останат заглавени во процес на постојани отстапки без конкретни гаранции, поради што идејата за заеднички европски пат на регионот ја оцени како „реална и достоинствена опција“.

 

Related posts

Алијанса за Албанците негира дека преговара за влез во Владата

ninja

Дијалог на „глуви“ за минималец на мускули

admin

Мицкоски најавува: ВРЕДИ нема да добие дополнителен ресор, еден функционер ќе биде и вицепремиер и министер

admin

Сиљановска загрижена по „шпионската афера“: Збунета сум од Обвинителството

admin

Грција, Франција и Германија испраќаат воени сили на Кипар по нападот со дронови

admin

Фон дер Лајен подготвена за соработка со десничарите

admin