31.8 C
Скопје
12 јуни, 2024
Inbox7.mk
АНАЛИЗА

Како ВМРО-ДПМНЕ (ќе) ги радикализира барањата на партиите на Албанците

Контекстот во кој се одвива предизборната кампања содржи низа непознаници во поглед на ветувањата и барањата на одделни политички партии. Сепак, сметам дека уште сега се издвојува опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Оваа партија, впрочем, од основањето па до денес, консеквентно, да не речам – тврдоглаво и упорно, истрајува во своевиден антиалбански дискурс и тоа главно во пресрет на избори во земјава. Како да потврдува дека потценувањето и сеењето омраза и е главното ветување кон нејзиното гласачко тело. Чувствувам дека и сегашното партиско водство не извлече поука од погубниот курс, започнат уште од крајот на осумдесетитте години на минатиот век, со девизата “рани куче да те лае”, насочен токму против Албанците. Се плашам дека вака како што ни се наметнуваат работите, не е далеку денот кога некоја од политичките партии од редовите на овдешните Албанци, ќе излезе со нова платформа за уставно преуредување на земјата. Аргументи за тоа, чинам, нема да недостасуваат. Едноставно, една од историските референци ќе биде Манифестот на Крушевската република, Седмата македонско- албанска народноослободителна ударна бригада, АСНОМ, Охридскиот договор па и оспорената книга на оспорениот Иван Ванчо Михајлов -“Македонија Швајцарија на Балканот“…

 

Пишува: Сељадин Џезаири

Наспроти старата поговорка која се среќава речиси кај сите народи во регионот “куче што лае не каса!”, сепак настаните врзани со уставната комисија и Собранието која го прогласи првиот Устав (17 ноември 1991), па непрекинато до 2001 година, а и потоа, зборуваат дека водството на “најмакедонската партија” до сега нема извлечено поука токму за прифаќањето на фактот дека Албанците уште од Крушевската република (која, нели, траеше десет дена) па до денес, сакаме или не, се непобитна реалност! Следствено на ова се поставува и прашањето за наводната погубност на повторуваната изјава на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека “Македонија е негова татковина, колку и на Заев и на Груевски”?

Како новинар сум ги следил без малку сите главни случувања, сум имал безброј интервјуа со сите чинители на тогашната и сегашната реалност и, да се вратим на горенаведениот наслов, немам никаков сомнеж зошто ВМРО –ДМПНЕ е против крилатицата на СДСМ “едно општество за сите”. Од сегашната опозиција немам слушнато слично гесло за инклузивност на сите, освен закани кои, кога се “преведуваат” на албански, намерно или не, звучат – антиалбански!

Поборник сум на тоа дека помеѓу рамноправноста и одговорноста постои каузална врска, па оттука, како да се толкува омразата кон првиот премиер Албанец, Талат Џафери, кој, нели, беше поинаков кога беше избран исто така за прв министер Албанец во Министерство за одбрана!? И тоа вклучително и со гласовите на пратеничката група на ВМРО!

Се сеќавам, кога во 90-те години правев интервју со тогашниот заменик министер за одбрана, кој беше Албанец, за програмата на ББЦ на албански. Веднаш до него седеше неговата советничка за медиуми, а соговорникот секоја реченица изречена на албански ја потвторуваше и на македонски!

Сакам да кажам, работите се менуваат, лека полека, и покрај трвдокорноста и непотребното сеење омраза кон една заедница. Да, се согласувам дека ДУИ не се сите Албанци (но што со фактот дека е најгласаната партија токму од Албанците?!), што се огледа и во Гази Баба и во Чашка, преку институционално (локално) и “грaѓанско“ одбивање за следење на наставата на албански јазик, а да не зборуваме за тврдењето дека владиното водство ни било – албанско!

Во вакви околности, се плашам дека вака како што ни се наметнуваат работите, не е далеку денот кога некоја политичка партија од редовите на овдешните Албанци, ќе излезе со нова платформа за уставно преуредување на земјата. Аргументи за тоа, чинам, нема да недостасуваат. Просто, една од историските референци ќе биде Манифестот на Крушевската република, Седмата македонска- албанска народноослободителна ударна бригада, АСНОМ, Охридскиот Договор па и оспорената книга на оспорениот Иван Ванчо Михајлов “Македонија Швајцарија на Балканот“…

 

 

Related posts

Тешка стратешка грешка

admin

Се формира „Источноазиско НАТО“

admin

За посетата на Курти

admin

Домашен есап на (меѓународен) пазар не излегува

admin

Балканските фрустрации за „европските брзини“

admin

МОСКОВСКИ КЛУБ НА САМОУБИЈЦИ

admin