9.8 C
Скопје
27 март, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

Маќедонци: Србија распределува воени сили долж границата со Косово

Косовскиот министер за одбрана, Ејуп Маќедонци, изјави дека Косово се соочува со огромно распоредување на српската војска, полиција и жандармерија на југот на Србија, главно долж граничната линија.Во интервју за „Геопост“, тој вели дека, покрај бригадите, Србија на границата со Косово распоредила и други капацитети купени од Кина и Русија и дека тоа претставува закана не само за Косово, туку и за сите земји од Западен Балкан, пренесува Инбокс7.

Според него, таквиот ризик е многу висок.

Маќедонци зборува и за руското влијание на Балканот, за кое вели дека дезинформациите се се оружјето со кое Русија ја употребува за злонамерни цели кон државите на регионот. А тоа, како што вели, се проширува со тоа што како база се користат разузнавачките структури на Србија, поддржани и од разузнавачките структури на Русија.

Во интервјуто за „Геопост“, Маќедонци зборува и за капацитетите на Косовските безбедносни сили, за кои вели дека се зајакнуваат и се во втората фаза од транзицијата во координација со Соединетите Американски Држави.

Related posts

БИСЛИМОСКИ УВЕРУВА ДЕКА И ОД 1 ЈАНУАРИ ЌЕ ФУНКЦИОНИРА ПАЗАРОТ ЗА ПРИРОДЕН ГАС

ninja

Анализа на РСЕ: Ние НЕ сме Европа

admin

Бројот на милионери ќе се зголеми за 85% во БРИКС

admin

Пендаровски со жестоки критики кон Мицкоски – Николовски и Милошоски со остри реакции

admin

С Македонија остана без парите на УСАИД – какви последици ќе има?

admin

Курти алармира: Радоичиќ планира нови напади на Косово

admin