20.7 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Сомнежи за инсајдерски информации во облози за прекин на огнот меѓу САД и Иран

Неколку новоотворени сметки на онлајн платформата Полимаркет обложиле околу 70.000 долари на можен прекин на огнот меѓу САД и Иран, во потези што покажуваат можни знаци на користење инсајдерски информации, велат експерти за британски Гардијан.

Осум сметки, креирани околу 21 март, инвестирале во исход дека договор за прекин на огнот ќе биде постигнат до 31 март. Доколку тоа се случи, потенцијалната добивка би достигнала околу 820.000 долари.

Слична активност е забележана и претходно, кога една сметка – создадена непосредно пред американските напади врз Иран на 28 февруари – успешно се обложила на тие настани, што исто така покрена сомнежи за можно инсајдерско тргување.

Активноста на новите сметки се совпадна со променливата реторика на американскиот претседател Доналд Трамп, кој најпрво ја засили позицијата за воен ангажман, а потоа навести можност за намалување на операциите.

„Овие дигитални паричници изгледаат како да имаат одредено ниво на инсајдерски информации“, изјави Бен Јорк, поранешен истражувач во КоинТелеграф.

Сметките на Полимаркет се анонимни, што значително го отежнува идентификувањето на сопствениците на крипто-паричниците. Сепак, аналитичарите посочуваат дека распределбата на облозите на повеќе сметки може да укажува на обид за прикривање на идентитетот.

„Кога гледате делење на средства и обиди за замаглување на идентитетот, обично станува збор или за голем инвеститор кој се обидува да го минимизира пазарното влијание, или за инсајдерско тргување“, додаде Јорк.

Веројатноста за прекин на огнот, според самата платформа, пораснала од 6% на 21 март на 24% до понеделник, додека вкупните облози за овој исход надминуваат 21 милион долари.

Онлајн пазарите за предвидување, како Полимаркет, сè повеќе се користат за следење на геополитички настани, но воедно привлекуваат критики и регулаторен надзор поради потенцијал за злоупотреба, вклучително и профитирање од воени конфликти и користење доверливи информации.

Според правилата на платформата, облогот за прекин на огнот ќе се смета за успешен само ако има јасна јавна потврда и од владата на САД и од владата на Иран дека се согласиле да ги прекинат воените дејствија.

 

Related posts

Здравјето нема цена: Закон што може целосно да ја смени културата на пушење во Македонија

admin

ЗНМ се солидаризира со Николовски и повикува на дијалог со МПЦ ОА

admin

Анализа на Политико: Поразот на Орбан како сигнал за глобалната политика, но и порака до противниците на Трамп

admin

Србија оди на избори? Вучиќ откри два можни термина

admin

Хомо на Игор Иванов Изи со уште една висока, десетта, награда на меѓународен филмски фесртивал – Овој пат во Индија

admin

Европа се подготвува: Русија ќе нападне земја на ЕУ во следните 3 години

admin