8.8 C
Скопје
24 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Кои се најбогатите, а кои најсиромашните градоначалници во Македонија?

  • Покрај истражувањето на СКУП направено за претседателските номинации, анализираме и за тоа кои се најбогатите и најсиромашните градоначалници во државата.
  • Градоначалниците во Македонија вкупно поседуваат имот од 28.587.138 евра.
  • Просечно пак, секој градоначалник поседува 352.927 евра.

Убедливо најбогат градоначалник во Македонија е градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев со 10.401.581 евра. Тој поседува земјишта, дури пет куќи, пријавен еден непрецизиран имот во Ваташа, два стана во Скопје, дури осум моторни возила, односно едно БМВ серија Х, Априлиа ср 50, а останатото се трактори. Пријавени се удели, побараувања по основ на даден заем, како и средства на кредитна картичка и на трансакциона сметка. Од заеднички имот пријавени се земјишта, два непрецизирани имоти, објект и помошни простории. Како имот на брачен другар пријавен е стан во Охрид, одредени средства на дебитна картичка, девизен депозит, како и средства на кредитна картичка. Како имот на деца пак, пријавени се девизни депозити, како и средства на трансакциона сметка.

Втор најбогат градоначалник е градоначалникот на општина Врапчиште Исен Шабани со 3.345.605 евра. Најголем дел од имотот е пријавен како заеднички. Тука се пријавени градежни земјишта, двор, зграда, земјишта под објект, земјоделски земјишта, пријавен е и еден непрецизиран имот, овошни градини, станови, како и девизни депозити. Лично тој на негово име поседува апартман, земјиште, стан во изградба и сопственички удел. Пријавени се и две моторни возила, Мерцедес и Ауди А5, но не е познато на чие име се моторните возила. Базата на податоци на СКУП Македонија покажува дека во 2020 година тој пријавил имот во вредност од 3.300.171 евра и моментално тој е побогат за 45.434 евра во споредба со 2020 година.

Следува Арбен Таравари, градоначалник на општина Гостивар со 1.216.703 евра. На негово име, пријавена е куќа, моторно возило Волво хц 60, денарски депозит како и земен кредит. Од имот на брачен другар пријавен е стан, моторно возило Цитроен Ц4 како и златен накит. Пријавени се и уметнички слики од македонски автори како заеднички имот. Околу половина од пријавениот имот е на име на неговите родители, а пријавено е градежно земјиште, двор, деловни простории и две куќи во Гостивар.

Потоа тука е Бесник Емши, градоначалникот на општина Боговиње каде поседува имот вреден 1.139.353 евра. Тој поседува двор, дури 25 земјишта и куќа. На име на неговите деца препишано е моторно возило Голф 5.

Александар Стојкоски како градоначалник на општина Ѓорче Петров е петти по ред најбогат градоначалник во Македонија со 878.552 евра. Како личен имот пријавено е моторно возило Киа Каренс, удели за кои не е наведена вредноста, побарување по основ на даден заем, средства на денарска платежна картичка, земени дури три кредита и средства на кредитна картичка. Како заеднички имот пријавен е стан во Скопје. Неговиот брачен другар поседува средства на денарска платежна картичка, земен кредит како и средства на кредитна картичка. Неговите родители поседуваат деловни простори во Скопје, куќа, плац и станови во главниот град.

На шестото место се наоѓа Николче Мискоски, градоначалникот на општина Кривогаштани 809.242 евра. Во негова сопственост е пријавено градежно изградено земјиште, деловен простор, зграда, земјоделско земјиште, куќа, автомобил Мерцедес Бенз Спринтер и мотор веспа Априлиа. Тој зема одредена сума од кирија, пријавена е и неговата плата, пари на неговата сметка, а поседува и две компании од кои едната е проценета на 613.467 евра. Неговиот брачен другар има земјишта, но пријавена е и платата која ја зема.

Рамиз Мерко е следен на листата најбогати градоначалници како градоначалник на општина Струга. Тој има имот вреден 687.737 евра. Поседува деловен простор, земјишта, куќа, стан во Албанија, шума, побарувања по основ на даден заем, договор за закуп на земјиште, приход од кирија, како и средства на девизна и денарска сметка. И неговиот брачен другар пријавил побарување по основ на даден заем.

Ацо Ристов како градоначалник на општина Радовиш е осмиот најбогат градоначалник во државата со 627.326 евра. Тој има земјишта, куќа за одмор во Радовиш, како и два стана во Скопје. Пријавени се и средства како девизен депозит, денарски депозит, како и на трансакциона сметка. Од заеднички имот пријавена е куќа во Радовиш.

Градоначалникот на општина Новаци Стевче Стевановски го зазема деветото место како најбогат градоначалник со 522.804 евра. Тој поседува земјиште, златен накит, пријавена е и механизација, трактор, Фолксваген Голф, како и рента. Неговиот брачен другар има одредени средства на денарска платежна картичка, заеднички тие поседуваат градежно земјиште и деловен простор во Битола, а неговите родители имаат куќа во село Добромири, Битола.

Јован Тозиевски како градоначалник на општина Ресен ја затвара листата на 10-те најбогати градоначалници во земјава со 464.313 евра. Лично тој поседува само автомобил Тојота Корола и кредит кој треба да биде вратен до 2027 година. Неговиот брачен другар пријавил средства на денарски депозит, а неговите родители поседуваат градежно земјиште, деловен простор, две куќи, ливада, овошни градини, пасиште, стан во Скопје, автомобили Рено Меган, Фиат Пунто, Фолксваген Голф, Опел Астра, пријавена е и закупнина и средства на девизни и денарски депозити.

Најсиромашните се оние нетранспарентните

Споредбено со оние најбогатите градоначалници, најсиромашните генерално се оние неискрените функционери, оние кои не пријавиле ништо, или пак оние кои не навеле вредност за ништо што е пријавено, или барем за поголемиот дел.

Прв на листата е градоначалникот на општина Росоман Стојан Николов кој воопшто нема пријавено анкетен лист каде на веб страната на Државната комисија за спречување корупција не може да се пронајде негов доставен анкетен лист.

Градоначалникот на општина Желино, Бљерим Сејди пак пријавил имот, но за ништо не пријавил вредност.

Медат Куртовски како градоначалник на општина Маврово и Ростуше има имот вреден 3.414 евра, но истата состојба не е реална бидејќи во својот анкетен лист тој навел вредност само за својот автомобил.

Нетранспарентен е и Ридван Ибраими, градоначалникот на општина Арачиново каде неговиот имот вреди само 4.065 евра бидејќи навел само колкави средства има на неговата трансакциска сметка, но не и останатиот дел од имотот.

И градоначалникот на општина Чешиново-Облешево Далибор Ангелов не пријавил ништо, освен за тоа дека има подигнато кредит од 4.878 евра, а го подигнал лице кое не е наведено во анкетниот лист.

Следен е градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски кој има имот од 13.008 евра. Иако и во неговата биографија тој навел дека е сопственик на ресторан и кафуле во Крива Паланка, сепак во анкетниот лист такво нешто нема пријавено.

И градоначалникот на Василево Славе Андонов не се покажал како транспарентен бидејќи имотот кој го пријавил вреди „само“ 17.630 евра со тоа што ова не е реалната вредност бидејќи за еден двор, десет земјишта и една куќа на име на неговите родители не е наведена вредноста.

Марко Колев како градоначалник на Велес е еден од ретките на оваа листа кој уредно го пријавил својот имот кој вреди 19.821 евра.

Истото важи и за Андон Сарамандов кој е градоначалник на општина Гевгелија и има имот вреден 23.048 евра.

Листата на најсиромашни градоначалници ја затвара Димчо Атанасовски како градоначалник на Македонска Каменица каде неговиот имот „тежи“ 25.430 евра со тоа што за две земјишта и куќа нема наведено вредност, па така оваа негова вредност на ја отсликува реалната состојба.

Извор: ПЕП

Related posts

Згреши ли Фрчкоски со воздржаниот глас во ОН?

admin

СОФИЈА СО КРИТИКИ ДО СКОПЈЕ ЗА ПРАВАТА НА БУГАРИТЕ

ninja

Западот нема да дозволи уништување на ОБСЕ

admin

Како ќе го изградиме идниот еко систем на иновативни вештини?

ninja

Колку провизии ви земаат бснките? Сега може да проверите онлајн

admin

Техничката влада треба да замине во историјата

admin