14.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Власта го поврза Филипче со „Мазут“, РЕК Битола и бугарски интереси

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвини лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, дека со најавениот „Фронт за вистина и правда“ се обидува да го дефокусира вниманието од, како што наведуваат, криминалот и корупцијата поврзани со поранешни функционери на СДСМ и ДУИ.

Во реакцијата на партијата се наведува дека иницијативата на Филипче е составена од „лојалисти на Зоран Заев“ и дека мал број функционери во СДСМ „сонуваат враќање на власт“ и покрај серијата изборни порази.

Од ВМРО-ДПМНЕ побараа Филипче да повика на одговорност поранешни владини функционери, наместо да предлага нови антикорупциски механизми.

Партијата повторно ги отвори прашањата за набавките на модуларните болници за време на пандемијата, тврдејќи дека Филипче бил директно инволвиран во тендерските постапки и потпишувал анекси за зголемување на цените.

Во соопштението се споменуваат и случајот „Мазут“, набавките на јаглен за РЕК Битола, како и наводни финансиски трансакции поврзани со фирми блиски до Зоран Заев и Венко Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ ги посочи и обвинителите Ислам Абази и Катерина Коларевиќ, обвинувајќи ги дека ги штитат, како што наведуваат, „криминалците на СДС и ДУИ“.

Партијата тврди дека случајот „Мазут“, кој според нив тежи 167 милиони евра, бил стопиран поради политичка заштита.

Во реакцијата беа изнесени и политички обвинувања кон Филипче за, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, „слугување на бугарските интереси“ и блискост со бугарскиот претседател Румен Радев.

Филипче претходно најави формирање на „Фронт за вистина и правда“, во кој, според него, ќе учествуваат опозициски партии, активисти и невладини организации обединети околу европските вредности.

Програмата на иницијативата предвидува закон за нулта толеранција на корупција, поголема соработка со Европското јавно обвинителство, нова антикорупциска дирекција, целосна дигитализација на јавните набавки и заштита на свиркачите.

Филипче оцени дека државата се соочува со ризик од финансиска нестабилност поради, како што рече, лошото управување на актуелната власт.

Related posts

Москва е посилна отколку што очекуваше Западот – но следната глобална промена може да биде опасна

admin

Излезноста драматично падна, опозицијата расте: Дали Курти ќе може сам да владее?

admin

Од диплома до невработеност: Зошто образованието не го следи пазарот?

admin

Силна поддршка од Шпанија за македонските евроинтеграции

ninja

Животот покрај море не е секогаш поздрав: Нова студија открива изненадувачка причина

admin

Епстајн повторно ја тресе елитата – милиони страници излегоа во јавност

admin