23.8 C
Скопје
28 април, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Наталитетот паѓа, разводите во “тренд”

Паѓа наталитетот а расте бројот на разводите. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2023 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 4.5 % и изнесува 4 185 живородени деца.

Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2023 година бележи намалување од 1.5 % во споредба со истото тримесечје од 2022 година и изнесува 5 028 лицa, а од нив 9 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен – 843 лица што значи, за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 1.6 % во споредба со истиот период од 2022 година и изнесува 2 824 бракови.

Во ова тримесечје добиени се 599 извештаи за разведени бракови, што преставува пораст за 191 во однос на истиот период од претходната година.

 

Related posts

Година на опасно живеење

admin

Како германската рецесија ќе се одрази на Македонија?

admin

Судир меѓу власта и опозицијата за поддршката на Сојузот на синдикатите на Македонија

admin

Телефонски разговор Ковачевски – Денков: Потребен е конструктивен пристап

admin

Таравари: Излегуваме од владата и одиме на избори ако не поминат уставните измени

admin

Реформи на линија со ЕУ-стандарди, а не со неказнивост

admin