21.8 C
Скопје
18 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Законот за игри на среќа не помина во Собранието

Нема ништо од предложените измени во Законот за игри на среќа, откако во Собранието за нив гласаа само 51 пратеник. За изгласување на измените, согласно Уставот, беше потребно апсолутно мнозинство од 61 пратеник. За законските измени најмногу притискаше ДУИ, која долго го туркаше решението како дел од своите предизборни ветувања, јави Дојче веле.

Од Асоцијацијата за приредувачи на игри на среќа (АПИС) во четвртокот ја поздравија одлуката и порачаа дека со тоа се спасуваат работните места на 10 илјади луѓе во оваа индустрија.

„И покрај агресивната долготрајна негативна кампања против игрите на среќа, предизборните притисоци, мнозинството пратеници останаа доследни на ставот дека нема да дозволат злоупотреба на ЕУ знамето за законски измени кои немаат никаква врска со хармонизација со европското законодавство“, порачаа од АПИС.

Во Собранието во средата завладеа конфузија по гласањето откако, најпрво собранискиот спикер Јован Митревски соопшти дека измените не биле донесени, а малку подоцна, по консултација со собраниските служби да дополни дека „законот е изгласан, но не е усвоен“.

Причината за конфузијата е одлуката на Уставниот суд од 2020 година, според која, за усвојување на закони кои не биле потпишани од шефот на државата по првото гласање, потребно е апсолутно мнозинство од пратениците во Собранието. Митревски во својата констатација, појаснуваат од Собранието, се реферирал на потребното мнозинство во редовна постапка.

На 13 февруари, претседателот Стево Пендаровски одби да ги потпише измените во Законот за игри на среќа донесени на 7 февруари, оценувајќи дека во постапката било злоупотребено европското знаменце.

Законот беше донесен во скратена постапка, со европско знаменце. Собранието тогаш, со 55 гласа „за“ ги усвои измените со коишто се предвидуваше обложувалниците и казината да бидат оддалечени најмалку 500 метри од основните и средните училишта.

Пендаровски подоцна соопшти дека неговата одлука да не го потпише указот е донесена врз основа на детална анализа на текстот на законот и на постапката во која што е донесен, како и по спроведени консултации со Делегацијата на ЕУ во земјата, како најважен партнер во процесот на преговори.

Законските измени за игрите на среќа со месеци ја брануваат јавноста. Полемиката се водеше меѓу различни здруженија – едните притискаа за затворање на коцкарниците и обложувалниците и нивно дислоцирање што подалеку од училиштата. Други, пак, бараа да се заштити секторот кој сметаат дека е „најголемиот работодавец“ во земјата.

Related posts

Огнените од ДУИ против една изборна единица

admin

Илон Маск: Ќе кажам што сакам, а ако последицата од тоа е губење пари, нека биде така

admin

ПАРНОТО ПОД ЗНАК ПРАШАЛНИК, ЈОРГАНИТЕ АЛТЕРНАТИВА

admin

ЌЕ ИМА ЛИ ПРЕМИЕР АЛБАНЕЦ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 100 ДЕНА? КОВАЧЕВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ДОГОВОРОТ СО ДУИ Е ТРАНСПАРЕНТЕН

admin

КАКО ДА СЕ ЗАУЗДА ГАЛОПИРАЧКАТА ИНФЛАЦИЈА

ninja

Пластичните кеси и пластичната амбалажа полека заминуваат во историјата

admin