25.8 C
Скопје
8 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Форум за потребата од вмрежување на образованието, науката и економија базирана на иновации

Форум за разумни политики (ФРП), во соработка со партнерските организации Институтот за општествени и хуманистички науки (ИОХН) и Балканскиот институт за регионална соработка (БИРС), на 27 март (среда) во хотелот „Панорамика“ во Скопје, го организира тематскиот форум „Густа плетка: за потребата од вмрежување на образованието, науката и економија базирана на иновации“. 

Настанот се одржува во рамки на проектот „Застапување за инклузивен развој“, поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.

„Целта на форумот е да биде иницијална точка на соработка помеѓу претставници на релевантните институции, академската и граѓанската заедница со кои ја делиме заедничката визија за доследна примена на Болоњскиот процес, особено за неговата темелна вредност-мобилност преку измени во Законот за високо образование“, се вели во соопштението.

Според носителите на проектот, преку форумот јавноста ќе биде информирана повеќе за досегашните нивни заложби на темата за поквалитетно високо образование, а потоа заеднички да се одредат следните чекори кои ќе водат кон создавање соодветна клима за поефикасно застапување.

„Во овој процес, медиумите ги гледаме како партнери кои континуирано ќе учествуваат во подигнување на јавната свест за темелните вредности како право на студирање, право на работа и право на добра администрација“, се вели во соопштението.

Related posts

Се намалува бројот на учениците во С.Македонија

admin

Штајнмајер бара граѓаните да не ѝ вртат грб на демократијата

admin

Дали Никола Груевски стои зад новата партија?

admin

ГЕРМАНСКО-ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ – НАЈДОБРА МОЖНА ПОНУДА?

ninja

Згреши ли Фрчкоски со воздржаниот глас во ОН?

admin

Николај Крастев: Уставните измени не се прават со бугарски диктат, Русија сака да го држи регионот надвор од ЕУ

admin