35.8 C
Скопје
13 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Над илјада институции не кажуваат колку возила имаат

Од вкупно 22 предмети за прекршување на Изборниот законик кои ги отворила Антикорупциска, покрај за јавни набавки, постапки се водат и за злоупотреба на возила. Над 1.000 институции не го испочитувале Изборниот законик и не доставиле податоци за службени возила до ДКСК. Некои од нив ги пријавија возилата откако РСЕ ги прашала зошто претходно не го сториле тоа.

Возилата на институциите невидливи за Антикорупциската Комисија. Владата, обвинителства и судови, дузина државни агенции, десетици општини и стотина комунални претпријатија се само дел од долгата листа до недоглед на институции кои не ги пријавиле службените автомобили во Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).

Вкупно 1.066 државни или локални институции не ја исполниле законската обврска за доставување на податоци за моторните возила со кои располагаат, ниту доставиле информација дека не располагаат со службени возила или пак располагаат со службени возила опфатени со Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување.

Меѓу оние позначајните кои не доставиле информации до Државната комисија за спречување на корупцијата се и Агенцијата за национална безбедност, Државната изборна комисија, министерствата за правда, за животна средина, за надворешни работи, за политички систем, финансии и транспорт и врски.

РСЕ се обратила до Владата, како врвот во извршната власт, прашувајќи зошто не доставиле податоци за службените возила кои се во употреба и дали планираат да ги достават податоците до ДКСК. До објавувањето на текстот, повратен одговор не добиле.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Related posts

Од историски криминал до историски проект за ВМРО- ДПМНЕ

admin

Протести во Скопје, синдикатот бара 30.000 денари

admin

БОРЕЛ – МОСКВА НЕ Е ПОДГОТВЕНА ЗА МИР ВО УКРАИНА

ninja

„Крајот на Шенген“: Новите гранични контроли на Германија го ставаат на ризик единството на ЕУ

admin

Рамадани во бегство, СДСМ бара Тошковски да си замине

admin

ИВАНОВСКА – ВО МАКЕДОНИЈА ЦАРУВААТ ДИВОГРАДБИ

ninja