16.8 C
Скопје
23 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Сиљановска: Нема да ја користам придавката “Северна”

Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова во интервју за РСЕ вели дека ќе ја почитува одлуката, ако новиот состав на Собранието го промени Уставот, но дека е невозможно тој да се промени, пред да се распушти овој парламентарен состав. Придавката „северна“ нема да ја користи во обраќањата.

“Ако однапред ветите дека ќе поддржите уставни измени го суспендирате Собранието како законодавно и уставотворно тело. Уставот вели дека пратениците одлучуваат и гласаат по сопствено уверување. Дали сега повторно ќе правиме, Преспа 2? Значи јас не можам, ниту пак некој друг претседател да ветиме дека ќе има уставни измени”, вели Сиљановска.

Таа не верува дека актуелниот парламентарен состав би можело да изгласа уставни измени.

“Не е возможно тоа, не е уставно. Не знам дали сте го читале деловникот, но постапката за уставни измени е долга, таа започнува со иницијатива, па има јавна расправа па предлог. Второ не заборавајте дека ќе се распушти овој состав на парламентот и невозможно е распуштен парламент без легитимитет да носи да носи уставни измени”, потенцира Сиљановска.

Ако биде избрана за претседател, таа вели дека ќе ја почитува евентуалната одлука за уставни измени од Собранието бидејќи “уставотворен орган е Собранието. Немам проблем.”

Во однос на Преспанскиот договор, вво нејзината програма пишува дека се уште ова прашање го смета дека е отворено.

“Моите колеги експерти кажаа дека Преспанскиот договор не е „win – win“ солуција, туку „win – lose“ по концептот на Тукидид дека силните го прават тоа што можат, а слабите она што мораат. Особено ако сфатиме дека и во внатрешните работи значеше вмешување, бидејќи името, грбот, знамето, уставот, политичкиот систем според повелбата на ООН според пактот за граѓански и политички права се дел од правото на самоопределување. Значи сакам да укажам на спорноста низ призма на меѓународното задолжително право. Ама јас сум загрижена и во поглед на едностраната реализација. Ако ги анализираме изјавите на грчките политичари па дури и на новинари ќе видите дека спомнуваат целосно попуштање од страна на соседот. Кога ќе речам јас дека е отворено објаснете ми како може да речеме само ние да немаме малцинство во Грција, а постои Виножито. Исто се однесува и за Бугарија. Сте биле во Грција? Јас не гледам ништо да е спроведено од Преспанскиот договор”, вели Сиљановска.

Според неа, треба да има двостраност, треба да има слободна и добра волја, во добар дух.

“Сте слушнале ли меморандумите да поминат? Не. Вака е изјавата последна, прво да спроведе Македонија се, па по тоа ние меморандумите. Ајде да се повикаме на самиот Преспански договор. Како вели за административниот и период? Многу убаво пишува таму, дека документите во соседната земја а тоа сме ние ќе се менуваат по отворањето на првото поглавје. Кое поглавје ние го отворивме?”, вели  Сиљановска.

Таа вели дека придавката „северна“ нема да ја користи во нејзините јавни настапи.

“Видете јас нема да ги тргам таблите со името, бидејќи тука некој потпишал тоа е факт. Нема да ги корнам горе од „Вила Водно“ иако не знам колку ми се допаѓа таму да одам. Меѓутоа јас зборувам за себе. Тоа сум го правела и во Венецијанската комисија и во советот на Европа никогаш не сум употребувала ФИРОМ. Тоа е бесмислено. Не сум јас волшебничка па да дојдам од бивша држава. Не сум јас питија. Има ли по сегашна држава од Македонија. Ама тоа „бивша“ зборува за кумот не го измисливме ние туку тие што ни го наметнаа тоа име. Значи мене ми е бесмислено и ми е нелогично оти Република Северна Македонија има логика ако има Република Јужна Македонија”, вели Сиљановска.

 

 

Related posts

Извештај: Измените на Кривичниот законик – услуга за корумпираните политичари

admin

Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија

admin

МЕШАЊЕ ВО ПАЗАРОТ ИЛИ БОРБА ПРОТИВ ПРЕХРАНБЕНИ КАРТЕЛИ?

ninja

Нови законски измени за распуштање на Судскиот совет, преседан за злоупотреба од секоја идна власт

admin

КИНЕСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ ГИ ПРЕДУПРЕДИ КИНА И САД ДА ГИ СМИРАТ ТЕНЗИИТЕ

ninja

Николај Крастев: Уставните измени не се прават со бугарски диктат, Русија сака да го држи регионот надвор од ЕУ

admin