14.8 C
Скопје
6 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Стејт департмент: Северна Македонија да го одржи духот на Преспанскиот договор

Соединетите Држави очекуваат Северна Македонија да го одржи духот на Договорот од Преспа, а јавниот дискурс да биде базиран на факти, соопшти Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски јазик.

Пред претстојните претседателски и парламентарни избори во државата, медиумите во Грција пишуваат дека Атина одблизу ги следи политичките изјави поврзани со Преспанскиот договор и употребата на името Македонија во изборната кампања на некои кандидати.

„Исто како што САД остануваат посветени на Договорот од Преспа, ние очекуваме Северна Македонија да го одржи овој дух и јавниот дискурс да остане базиран на факти и вкоренет во посветеноста на иднината на Северна Македонија во ЕУ“, одговори портпарол на Стејт департментот, на прашањето дали САД се загрижени за можно поткопување на Договорот од Преспа.

Претседателот на САД Џо Бајден, во 2021 година потпиша извршна наредба, со која се предвиде замрзнување на имот и забрана за влез во САД на лица кои работат против Договорот од Преспа и Охридскиот рамковен договор.

Стејт департментот тогаш појасни дека извршната наредба не се однесува само на лица во државите на Западен Балкан кои го загрозуваат Договорот од Преспа, туку и во други држави.

Ова е одговор на прашањето на Гласот на Америка на македонски јазик, за тоа дали администрацијата на Бајден планира да ги прошири санкциите и во Грција, која е потписник на Преспанскиот договор.

„Извршната наредба 14033 дозволува санкции против оние што ја потценуваат стабилноста на Западниот Балкан, каде и да се наоѓаат, под услов да ги исполнуваат релевантните критериуми за таргетирање“.

Според Преспанскиот договор, кој беше потпишан на 17 јуни 2018 година, земјава се обврза на два преодни периода во однос на издадените постоечки документи и материјали – еден „технички“ и еден „политички“:

„Техничкиот“ преоден период значи дека сите официјални документи и материјали на јавната администрација за меѓународна употреба и за документите за внатрешна употреба, но и оние кои може да се користат и надвор од државата, нивната важност треба да се обновува во согласност со новото име.

„Политичкиот“ преоден период се однесува на сите документи и материјали, коишто се исклучиво за внатрешна употреба. Во текстот од Договорот се вели дека Издавањето на ваквите документи и материјали кои се опфатени со оваа категорија во согласност со членот 1, став 3, ќе започне при отворањето на секое поглавје на релевантното поле во преговорите со Европската унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш.

Инаку грчкиот парламент сè уште нема ратификувано меморандуми поврзани со Преспанскиот договор.

Related posts

СПАСОВСКИ ЌЕ ГИ НАГРАДИ ПОЛИЦАЈЦИТЕ КОИ БЕА НА ТЕРЕН ЗА ЧЕСТВУВАЊЕТО НА РОДЕНДЕНОТ НА ДЕЛЧЕВ

ninja

Сертификатот од Кембриџ е безвреден само во партиските назначувања

admin

По дијагнозата рак: Голема загриженост за кралот Чарлс Трети

admin

Приведен лице кое избегал од затвор во 2015 година

admin

Дали државата планира стратегија со која ќе стане рударска колонија на ЕУ?

admin

Рубин: Србија е влезна точка за пропаганда од Русија на Западен Балкан

admin