19.7 C
Скопје
24 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Николовски: Власта на СДС И ДУИ на заминување прави масовна пљачка на ЕЛЕМ И РЕК Битола!

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, алармираше дека “Власта на СДС И ДУИ на заминување прави масовна пљачка на ЕЛЕМ И РЕК Битола!”

“Целта е да се искраде што сѐ може на заминување! Тендери се штанцаат на дневна основа, нормално за омилената фирма на Белорускиот конзул!”, напиша тој на социјалните мрежи.

Исто така, според него, дневно десетици камиони носат увозен јаглен! Тие камиони транзитираат низ Новаци кон РЕК Битола.

“Во сообраќајна несреќа при судир на еден од тие камиони со трактор, еден човек го загуби животот. Затоа жителите на Новаци организираат протести за крај на криминалот во ЕЛЕМ и РЕК Битола!

Утре – Понеделник 27ми Мај од 10 часот се случува уште еден таков протест! Жителите на Новаци ја имаат мојата поддршка!

А, за криминалот во ЕЛЕМ и РЕК Битола веднаш по формирањето на Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ ќе започнат соодветни постапки за расчистување!

Криминалците ќе одговараат!”, напиша Николовски.

Related posts

КОИ СЕ НАЈПРОФИТАБИЛНИ ДЕЈНОСТИ ВО С.МАКЕДОНИЈА? НАД 90% ОД ВРАБОТЕНИТЕ СЕ ВО МАЛИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

admin

„Ниту војна, ниту мир“ – опасен ќор-сокак меѓу САД и Иран ја тресе светската економија

admin

Судија и криминални босови пред суд: СПАК ја откри огромната криминална мрежа

admin

„Турбината“ на ЕУ врти и за македонските енергетски потреби

ninja

Што направија тарифите – и дали трговската војна завршува?

admin

Уставни измени па избори или обратно? Власта и опозицијата на различни фреквенции за консензус

admin