-1.2 C
Скопје
20 јануари, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицковски и Гаши во клинч – почнаа ли проблемите за владата во формирање?

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска реагираше откако пред неколку дена пратеникот Христијан Мицкоски го повика да се извини откако во интервју за РТК изјави дека „Косово е моја татковина“.

Во своето објаснување, објавено на Фејсбук, Гаши вели дека имало превртување на неговата изјава од страна на медиумите.

„Во однос на прашањето за мојата татковина, свесен сум за обвинувањата и искривувањата од различни медиуми кои се обидуваат да привлечат внимание. Како претседател на Собранието на сите граѓани на Република Северна Македонија, сакам да појаснам дека Африм Гаши е роден во Скопје, каде живее и работи со своето семејство, а негова татковина е Северна Македонија“, вели Гаши.
Тој појаснува дека во интервјуто за косовската РТК рекол дека „Косово е родно место или татковина на моите родители и јас го почитувам како такво заради нив“.
„Сепак, верувам дека се разбираме доволно добро за да не бараме детални објаснувања за поимите како родно место, татковина или мајковина, бидејќи албанскиот јазик користи и сложена именка што комбинира мајка и земја. За мене најважно е преку нашите постапки да покажеме како ја гледаме нашата земја, која е нашата посветеност кон неа, кои се нашите придонеси и да правиме разлика меѓу оние кои ја градат и збогатуваат и оние кои ја уништуваат и крадат таа. Од тврдењата и изјавите за патриотизам граѓаните немаат никаква корист, а ние не сме тука да се натпреваруваме кој е по патриот. Јас не уживам во такви дебати и ова е мојата конечна изјава за оваа тема“, вели Гаши.

Во меѓувреме, Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по доделувањето на мандатот од претседателката Гордана Силјановска Давкова, вчера рече дека Гаши зема плата во Македонија и дека треба да се извини за изјавата дадена во РТК.

„Мислам дека неговата татковина е Македонија. И од она што сум разговарал со него, лично од него сум слушнал дека нашата заедничка татковина е нашата заедничка Македонија. Ако има таква изјава, тогаш мислам дека треба да им се извини на граѓаните на Македонија и тоа треба да го направи што е можно поскоро, бидејќи тука ја зема платата и е избран од Македонци, Турци, Албанци, Власи“, рече. Мицкоски.

Реакциите доаѓаат откако Гаши во интервју за „РТК“ зборуваше за историјата на неговото семејство, кое во 50-тите години на минатиот век од Качаник се преселило во Скопје. Тој рече дека Косово е неговата татковина и дека ги следи процесите кај северниот сосед.

„Оние кои се родени по деведесеттите не можат да го разберат ова, но за мене Косово е мојата татковина, местото каде што се родени моите родители и сочувствувам со се што се случува на Косово“, рече Гаши, според изјавата што ја пренесоа македонски медиуми.

Мицкоски најави дека наскоро ќе се формира новата реформска влада, но пред новинарите не ги откри имињата на новите министри.

Related posts

Државно спонзориран „извоз“ на најдобрите студенти

admin

Како Милчо Манчевски за филмот „Сенки“ ја изиграл владата на Груевски и лапнал 1 милион евра

admin

Ковачевски: Или со ЕУ, НАТО и САД, или со ЛЕВИЦА

admin

Украина, Косово, Русија…што се очекува од НАТО самитот во Вилнус?

admin

Бура од критики по повикот на папата за „бело знаме“

admin

Само 17 пратеници “за”: Зошто пропадна обидот за амнестија?

admin